Достапни линкови

Македонија не ги користи понудените шанси


Средба на Министерот за надвореши работи Никола Попоски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел.
Средба на Министерот за надвореши работи Никола Попоски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел.

Политичката криза негативно ќе се одрази врз евроатлантската интеграција, велат аналитичарите. Според нив, Македонија ги губи шансите да се направи нешто повеќе за изнаоѓање на решение за спорот со Грција, што би значело добивање датум за преговори со ЕУ и шанса за приклучување во НАТО.

Политичката криза негативно ќе се одрази врз евроатлантската интеграција на Македонија, велат упатените, а тоа ќе биде забележано и во пролетниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.
Да ја немаше оваа политича криза ние ќе имавме една многу успешна година, барем такви беа најавувањата, но за жал нашиот лидершип во овој случај и премиерот и лидерот на опозицијата не се одговорни до крај што и колку штета и нанесуваат на државата.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека тековните случувања во внатрешно политичкиот живот ќе бидат штетни за Македонија, особено во време кога имаше оптимистички најави дека ќе се направи нешто повеќе за изнаоѓање на решение за спорот со Грција, што би значело добивање датум за преговори со ЕУ и шанса за приклучување во НАТО.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.

„Да ја немаше оваа политича криза ние ќе имавме една многу успешна година, барем такви беа најавувањата, но за жал нашиот лидершип во овој случај и премиерот и лидерот на опозицијата не се одговорни до крај што и колку штета и нанесуваат на државата.“

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески, вели дека чекорите кои се спроведуваат од надвор и оние кои се преземаат на внатрешен план одат во обратна насока.

„Фактот дека во Македонија имаме политичка криза и дека во овој момент не можеме да зборува со еден глас во надворешните работи, со оглед на состојбите околу парламентот, неизвесноста околу идните избори, сето тоа зборува дека државата не е оспособена за големи одлуки на надворешно-политички план.“

Според Рамадани, поради моменталната ситуација во земјата ќе ја загубиме шансата која ни се нуди од ЕУ.

„Тоа значи дека за жал сме на пат да ги изгубиме овие големи шанси кои на еден начин ни ги приредува меѓународната заедница, а ние не сме спремни да бидеме во дофат со такво внимание.“

Министерот за надворешни работи Никола Попоски е во дводневна посета на Брисел каде со преставниците на Унијата разговара за преговорите со Грција и унапредување на односите со соседите. На крајот од месецот се очекува средба на македонски претставници со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG