Достапни линкови

Македонија со непроменет став пред посетата на Нимиц


Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје - 20 февруари 2012.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје - 20 февруари 2012.

Секоја комуникација меѓу Македонија и Грција треба да биде фокусирана на можноста за меѓусебно приближување и градење на клима на доверба и поддршка, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски.

На почетокот на наредната година очекуваме медијаторот на ОН за спорот со името Метју Нимиц да ги посети Атина и Скопје, при што сметаме дека секоја комуникација меѓу двете држави треба да биде фокусирана на можноста за меѓусебно приближување и градење на клима на доверба и поддршка, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски во своето излагање во Собранието за претстојните предизвици и активности.
Остануваме на нашиот конзистентен став за активно и конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ОН и се залагаме за почитување на меѓународното право, сите релевантни резолуции на ОН и секако на неговите компетентни органи особено Меѓународниот суд за правдата.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.

„Остануваме на нашиот конзистентен став за активно и конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ОН и се залагаме за почитување на меѓународното право, сите релевантни резолуции на ОН и секако на неговите компетентни органи особено Меѓународниот суд за правдата.“
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос

Попоски рече дека упатиле покани до грчкиот премиер и до министерот за надворешни работи да ја посетат Македонија, на што пратеникот Антонио Милошоски искоментира дека тоа е речиси невозможно да се случи.

„Добро е што македонската страна упатувала и сега упатува покани за посета на грчкиот премиер и на грчкиот министер за надворешни работи да ја посетат Македонија, но мое лично мислење е дека поскоро претседателот на Република Кипар на грчкиот дел би ја посетил Анкара, отколку премиерот Самарас да ја посети Македонија.“

Мое лично мислење е дека поскоро претседателот на Република Кипар на грчкиот дел би ја посетил Анкара, отколку премиерот Самарас да ја посети Македонија.
Антонио Милошоски, пратеник и поранешен министер за надворешни работи.
Според Попоски, Македонија заслужила да стане членка на НАТО и ЕУ, бидејќи ги исполнила реформите. Новиот моментум, како што рече тој, резултирал со обновата на препораката за членство во ЕУ и извештајот кој досега бил најсолиден и препорачал почеток на преговори во најбрз рок.

„Целта наша за отпочнување на овој процес на преговори не е декларативна, се работи за досие за кое имаме целосен политички и внатрешен консензус во државата и се работи за највисока цел за која сме посветени да ги мобилизираме сите ресурси на внатрешен план.“

Според него имале добра соработка со другите европски земји, како и со САД со кои се задржало високо ниво на дијалог во однос на евроатланските интеграции на Македонија.

„Нашите очекувања се дека и во вториот мандат на претседателот Обама ќе видиме конзистентна политика на поддршка на процесите на интеграција во евроатланските структури за сите земји од нашиот регион.“

Во однос на добрососедските односи Поповски рече дека се од клучен интерес и дека треба со земјите од регионот да градиме мостови на зближување за заедничка европска иднина.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG