Морална сатисфакција, но и сигнал за интензивирање на разговорите меѓу Македонија и Грција. Вака, една година по пресудата на Хашкиот трибунал, политичките претставници ја коментираат за Македонија позитивната одлука на судот.
„Имајќи ја предвид природата на меѓународните односи, почитувајќи ја сета сериозност на оваа пресуда и нејзиниот силен правен карактер во прилог на Република Македонија, сепак истата сè уште може да се доживее како сигнал за натамошно интензивирање на разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција за надминување на деценискиот спор“, вели Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
За Демократската унија за интеграција, хашката пресуда останува морална победа на земјава, но во суштина таа не променила ништо значајно во преговорите меѓу двете земји во спорот за името.
„Можеби е аргумент повеќе да се седне и да се преговара и да се најде решение. Очигледно дека мора да се најде решение коешто ќе го премости овој спор“, вели Бујар Османи од ДУИ.
Експертите по меѓународно право сметаат дека пресудата не промени ништо важно во светската политика, оти интересите и силата остануваат клучни во креирањето на одлуките во меѓународните односи.
„Правдата во овој случај беше на наша страна, меѓутоа остана фактот дека од нас се бара учество во еден дипломатски дијалог низ кој ќе се дојде до решение на нашиот проблем“, вели универзитетскиот професор Денко Малески.
Со хашката пресуда нешто добивме, но многу повеќе изгубивме, пред сè поради загубеното време да станеме дел од евроатлантските интеграции и да го подобриме статусот на граѓаните, безбедноста во државата и прогресот во целина, истакнува Малески.
„Загубивме поприлично години во еден спор којшто на крај нема да биде одлучувачки за решение на проблемот со соседната земја, туку дека сепак тоа решение ќе мора да се направи низ преговори.“
На денешен ден Хашкиот трибунал пресуди дека Грција го прекршила членот 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008. Претседателот на Судот, Хисаши Овада соопшти дека Одлуката е донесена со 15 гласови за и еден против. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот.
Имајќи ја предвид природата на меѓународните односи, почитувајќи ја сета сериозност на оваа пресуда и нејзиниот силен правен карактер во прилог на Македонија сепак истата сè уште може да се доживее како сигнал за натамошно интензивирање на разговорите меѓу Македонија и Грција.Александар Спасеновски, ВМРО-ДПМНЕ.
„Имајќи ја предвид природата на меѓународните односи, почитувајќи ја сета сериозност на оваа пресуда и нејзиниот силен правен карактер во прилог на Република Македонија, сепак истата сè уште може да се доживее како сигнал за натамошно интензивирање на разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција за надминување на деценискиот спор“, вели Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
За Демократската унија за интеграција, хашката пресуда останува морална победа на земјава, но во суштина таа не променила ништо значајно во преговорите меѓу двете земји во спорот за името.
„Можеби е аргумент повеќе да се седне и да се преговара и да се најде решение. Очигледно дека мора да се најде решение коешто ќе го премости овој спор“, вели Бујар Османи од ДУИ.
Експертите по меѓународно право сметаат дека пресудата не промени ништо важно во светската политика, оти интересите и силата остануваат клучни во креирањето на одлуките во меѓународните односи.
Загубивме поприлично години во еден спор којшто на крај нема да биде одлучувачки за решение на проблемот со соседната земја, туку дека сепак тоа решение ќе мора да се направи низ преговори.Денко Малески, универзитетски професор.