Еден ден по донесената хашка пресуда дека Грција ја прекршила времената спогодба спречувајќи го македонскотот членство во НАТО, заедничкиот впечаток на експертите од областа на меѓународните односи како ќе изгледаат следните чекори во евроинтегрирањето е во духот „ќе биде поинаку, но ќе биде исто“.
По првите изјави од Брисел, на сите им се чини јасно дека добиената битка во доменот на правото не значи и освојување на правдата до којашто во меѓународните односи се доаѓа преку интересите.
„Сега го добивме правото, меѓутоа за правдата ќе попричекаме. Она што доаѓа од Брисел укажува на тоа дека правната димензија на проблемот сепак не е спорна, туку спорна е политичката димензија која останува во рацете на оние кои одлучуваат во рамките на институциите кон кои се стремиме НАТО и Европската унија“, изјави универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.
Тој не очекува промени во начинот на однесувањето на државите и начинот на градењетоп на колаициите и при наредниот самит на НАТО откако ветото во Букурешт го попречи зачленувањето на Македонија во Алијансата и стана предмет на тужбата пред меѓународнито суд на правдата.
Пресудата е единствено правно обврзувачка и единствено важи за страните во спорот, појаснува професорот по меѓународно право, Ивица Јосифовиќ.
„Евроатлантските интеграции, НАТО и членството во Европската унија тоа е веќе трета страна која не учествува во спорот. Ниту НАТО, ниту пак ЕУ е
обврзана со пресудата. Одлуките во НАТО и во Европската унија за членство или за преговори се носат едногласно, што значи дека Грција си има право на вето, она сега може да се повика на право на вето за сосема друго-трето прашање, не мора да го искористи прашањето за името.“
Она што беше заедничко во изјавите на релевантните меѓународни претставници по објавувањето на хашката пресуда е дека од суштинско значење останува изнаоѓање на решение во спорот за името. Тешко е да се каже колку пресудата ќе и помогне на Македонија да го насочи решавањето во сопствена корист.
Грција е тежок преговарач и во моментов има многу поголеми проблеми, вели Јосифовиќ. Сега Македонија треба да продолжи во дипломатска офанзива за да се дојде до решени зошто без тоа добиениот правен спор би ја изгубил смислата.
„Зошто ако ја направиме истата грешки да стоиме на страна сметајќи дека правото е на наша страна и дека Европскиот совет е одлучен да донесе одлука за почекот на преговори, тоа е тешко да се случи.“
Македонија нема да се најде на веќе утврдената агенда на претстојниот самит на ЕУ в петок. Минисетрскиот совет синоќа објави дека одлуката за почеток на претпристапните преговори со Република Македонија ќе ја разгледува за време на идното претседателство со ЕУ што би значело на самиот што ќе се одржи во јуни наредната година.
Сега го добивме правото, меѓутоа за правдата ќе попричекаме. Она што доаѓа од Брисел укажува на тоа дека правната димензија на проблемот сепак не е спорна ,туку спорна е политичката димензија која останува во рацете на оние кои одлучуваат во рамките на институциите кон кои се стремиме НАТО и Европската унија.Звонимир Јанкуловски,универзитетскиот професор.
„Сега го добивме правото, меѓутоа за правдата ќе попричекаме. Она што доаѓа од Брисел укажува на тоа дека правната димензија на проблемот сепак не е спорна, туку спорна е политичката димензија која останува во рацете на оние кои одлучуваат во рамките на институциите кон кои се стремиме НАТО и Европската унија“, изјави универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.
Тој не очекува промени во начинот на однесувањето на државите и начинот на градењетоп на колаициите и при наредниот самит на НАТО откако ветото во Букурешт го попречи зачленувањето на Македонија во Алијансата и стана предмет на тужбата пред меѓународнито суд на правдата.
Пресудата е единствено правно обврзувачка и единствено важи за страните во спорот, појаснува професорот по меѓународно право, Ивица Јосифовиќ.
„Евроатлантските интеграции, НАТО и членството во Европската унија тоа е веќе трета страна која не учествува во спорот. Ниту НАТО, ниту пак ЕУ е
обврзана со пресудата. Одлуките во НАТО и во Европската унија за членство или за преговори се носат едногласно, што значи дека Грција си има право на вето, она сега може да се повика на право на вето за сосема друго-трето прашање, не мора да го искористи прашањето за името.“
Зошто ако ја направиме истата грешки да стоиме на страна сметајќи дека правото е на наша страна и дека Европскиот совет е одлучен да донесе одлука за почекот на преговори ,тоа е тешко да се случи.Ивица Јосифовиќ, универзитетски професор.