Достапни линкови

Македонија победи, Грција не е поразена


Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во кабинетот на Претседателот дискутираат за пресудата во Хаг.
Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во кабинетот на Претседателот дискутираат за пресудата во Хаг.

Македонските власти ја поздравија одлуката на Мeѓународниот суд на правдата дека Грција ја прекршила Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО. Грчкото МНР најави дека Атина ќе ја проучи одлуката на судот.

Државниот врв по веста од Хаг одржа состанок во претседателската вила. По состанокот, претседателот Ѓорге Иванов побара од Грција да се однесува еднакво одговорно кон Времената спогодба и да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата, како и да ја прифати оценката дека Македонија ја нема прекршено обврската за добрососедски односи.
Во овој момент не сакаме да гледаме низ категориите победници и поразени.[...] Пресудата ја гледаме како позитивен импулс и сметаме на соработка на нашиот сосед Грција во духот на пријателството, разбирањето и меѓусебното почитување.
Ѓорѓе Иванов, претседател на Македонија.

„Во овој момент не сакаме да гледаме низ категориите победници и поразени. Треба заедно да работиме со Република Грција на нашата зедничка иднина и иднината на нашиот регион. Ние повторно подаваме рака на пријателство и добрососедство кон Република Грција. Пресудата ја гледаме како позитивен импулс и сметаме на соработка на нашиот сосед Грција во духот на пријателството, разбирањето и меѓусебното почитување.“

Од најголемата опозициска партија велат дека пресудата е морална победа, но велат дека денеска во Хаг се остварило она на што тие предупредуваа.

„Меѓународниот суд на правдата го одби тужбеното барање на Македонија за создавање обврска на Грција во иднина да
Македонската делегација пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Македонската делегација пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
не го попречува нашето евро и евро-атланско интегрирање. Со тоа денешната судска пресуда е сведува на морална димензија, но и без ефикасен механизам да се реши нашиот клучен проблем, а тоа е да се овозможи членството во НАТО и отпочнување преговори со ЕУ“, вели Ана Павловска Данева од СДСМ.
Денешната судска пресуда е сведува на морална димензија, но и без ефикасен механизам да се реши нашиот клучен проблем, а тоа е да се овозможи членството во НАТО и отпочнување преговори со ЕУ.
Ана Павловска Данева, потпретседател на СДСМ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети повика на што побрзо решавање на проблемот со името.

„И понатаму треба да продолжат преговорите за изнаоѓање решение за името. Мое мислење е дека победници во овој спор нема, но треба да се види како што побрзо да се реши овој спор.“

Известувачот за Македонија во Европарламентот Ричард Ховит ги повика двете страни, ова прашање сега да го изнесат надвор од судницата, каде за
него ќе суди јавното мислење во двете држави.

„Одлуката сама по себе не носи решение, но може страните да ги донесе поблиску до решението“, оценува Ховит.

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, пак, рече дека Македонија ќе може да стане членка на НАТО кога ќе се реши прашањето со името.

„Сега е вистинското време лидерите на Македонија и на Грција да вложат дополнителни напори и да го решат ова прашање“, изјави тој.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG