Одлуката на Меѓународниот суд за правда е позитивна за Македонија и треба да биде импулс за надминување на проблемот за името со Грција, оценуваат властите во земјава. Опозицијата исто така вели дека одлуката е позитивна, но повеќе од морaлен аспект. И од таму велат дека треба да се искористи климата за да се реши проблемот со Грција.
Македонија ќе ја почитува оваа одлука, тоа е наша обврска. Согласно меѓународното право, Грција треба да се воздржи од понатамошно блокирање на зачленувањето на Република Македонија во НАТО или други меѓународни организации, изјави премиерот Никола Груевски.
„Имаме право и да се надеваме дека третите земји членки на истите организации ќе ја земат предвид пресудата, со оглед на фактот дека владеењето на правото е една од централните вредности на семејствата кон кои се стремиме. Оваа пресуда дава нов позитивен импулс во амбиентот за одење напред во надминување на спорот за името и остранување на блокадата која и е приредена на Република Македонија.“
Од СДСМ, најголемата опозициска партија, велат дека пресудата е морална победа, но велат дека денеска во Хаг се остварило она на што тие предупредуваа.
„Меѓународниот суд на правдата го одби тужбеното барање на Македонија за создавање обврска на Грција во иднина да не го попречува нашето евро и евро-атланско интегрирање. Со тоа денешната судска пресуда се сведува на морална димензија, но и без ефикасен механизам да се реши нашиот клучен проблем, а тоа е да се овозможи членството во НАТО и отпочнување преговори со ЕУ“, вели Ана Павловска Данева, потпретседател на СДСМ.
И лидерите на албанските партии повикаа на што побрзо решавање на проблемот со името. Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека победници во овој спор нема, но треба да се види како побрзо да се реши овој спор. А лидерот на ДПА вели дека сега е моментот да се искористи позитивната клима.
„Јас уште еднаш би укажал да се искористи позитивната клима да се реши овој проблем. Не треба да криеме некои работи, ако има избори во Грција и ако случајно победи Самарас или Караџаферис шансите ни се катастрофални“, изјави Тачи.
По веста од Хаг, рекации има и од меѓународните преставници кои на некој начин се вклучени во спорот меѓу Македонија и Грција.
Двете земји, Македонија и Грција, да ја простудираат одлуката на Меѓународниот суд на правдата. А властите во Скопје и Атина треба да гледаат нанапред и да се нагласуваат решенијата, наместо разликите, порачува Метју Нимиц, медијаторот од ОН во преговорите за името.
Известувачот за Македонија во Европарламентот Ричард Ховит ги повика двете страни, ова прашање сега да го изнесат надвор од судницата, каде за него ќе суди јавното мислење во двете држави.
Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, пак, рече дека Македонија ќе може да стане членка на НАТО кога ќе се реши прашањето со името.
Оваа пресуда дава нов позитивен импулс во амбиентот за одење напред во надминување на спорот за името и остранување на блокадата која и е приредена на Република Македонија.Никола Груевски, премиер на Македонија.
Македонија ќе ја почитува оваа одлука, тоа е наша обврска. Согласно меѓународното право, Грција треба да се воздржи од понатамошно блокирање на зачленувањето на Република Македонија во НАТО или други меѓународни организации, изјави премиерот Никола Груевски.
„Имаме право и да се надеваме дека третите земји членки на истите организации ќе ја земат предвид пресудата, со оглед на фактот дека владеењето на правото е една од централните вредности на семејствата кон кои се стремиме. Оваа пресуда дава нов позитивен импулс во амбиентот за одење напред во надминување на спорот за името и остранување на блокадата која и е приредена на Република Македонија.“
Од СДСМ, најголемата опозициска партија, велат дека пресудата е морална победа, но велат дека денеска во Хаг се остварило она на што тие предупредуваа.
Властите во Скопје и Атина треба да гледаат нанапред и да се нагласуваат решенијата, наместо разликите.Метју Нимиц медијатор од ОН во преговорите за името.