Достапни линкови

Без Нимиц, тешко до решение за името


Архивска фотографија: Преговарачот Зоран Јолевски, посредникот Метју Нимиц и премиерот Никола Груевски на средба во Скопје.
Архивска фотографија: Преговарачот Зоран Јолевски, посредникот Метју Нимиц и премиерот Никола Груевски на средба во Скопје.

Да не се симулираат преговори и да се реши прашањето за името, бара опозицијата по изјавите на министерот Никола Попоски дека се чека на Грција да ја прифати подадената рака од македонска страна.

Со најновите изјави на шефот на дипломатијата, Никола Попоски со кои тој уште еднаш ги презентираше македонските позиции во поглед на спорот за името и евроинтеграциите, во светлината на плановите за наредната година, опозицијта не е убедена дека тој ја следи променетата тактика на грчката страна, која токму го избегнува прашањето на конструктивноста и иницијативноста што се однесува до изнаоѓање решение, туку својот одговор го гради на темелот на прашањето на градењето добрососедски односи.
Наш конструктивен пристап без да напаѓаме било кого и апсолутно да не ја исклучиме улогата на ОН и Нимиц, инаку другото би било само симулираме некаков вид на активност на дипломатски план, а прашањето никако да се реши.
Тито Петковски, НСДП.

Тука тешко дека ќе помогнат заострените позиции од наша страна по добиената хашка пресуда, вели претседателот на НСДП, Тито Петковски, туку таа може да добие смисла и да донесе политички бенефит со зголемена конструктивност и иницијативност и градење на поблиски добрососедски односи со соседна Грција.

„Наш конструктивен пристап без да напаѓаме било кого и апсолутно да не ја исклучиме улогата на ОН и Нимиц, инаку другото би било само симулираме некаков вид на
Министерот за надворешни работи Никола Попоски
Министерот за надворешни работи Никола Попоски
активност на дипломатски план, а прашањето никако да се реши“, изјави Петковски.

Најтешки за решавање се проблемите што си ги создавате сами коментира на последните изјави на властите во врска со иднината на евроинтеграциите и решавањето на спорот за името, опозициската ДПА, толкувајќи ги ваквите изјави за демонстрирање немоќ да се надмине клучниот проблем на државата.

„Тие сега се соочуваат со тој рејтинг што го изградиле овие 4-5 години само врз основа на името и на ништо
Тие сега се соочуваат со тој рејтинг што го изградиле овие 4-5 години само врз основа на името и на ништо друго, а сега веќе доаѓа моментот кога треба да се соочат со самите себе си, значи изјавата на министерот веќе покажува дека тие се немоќни да го решат тој проблем.
Зијадин Села од ДПА.

друго, а сега веќе доаѓа моментот кога треба да се соочат со самите себе си, значи изјавата на министерот веќе покажува дека тие се немоќни да го решат тој проблем“, изјави Зијадин Села од ДПА.

Владината ДУИ и порачува на Грција да се надмине себеси зошто и во нејзин интерес е да се одржи стабилноста во регионот, но нејзинотот држење како што вели не треба да биде обесхрабрувачко за македонската страна.

„Сметам дека без разлика на ставовите на Грција, ние треба да останеме во процесот и треба да останеме проактивни“, изјави Артан Груби од ДУИ.

Македонија ја подава раката, на Грција е да ја прифати го повтори на крајот од годинава македонскиот став министерот за надворешни работи во врска со спорот за името. Како македонската дипломатија ќе маневрира од ваквите појдовни позиции и какви резултати ќе донесе најавеното интензивирање на дипломатската активност ќе покаже 2012 .
XS
SM
MD
LG