Достапни линкови

Власта да бара решение, а не алиби


Премиерите на Грција и на Македонија, Никола Груевски и Лукас Пападемос.
Премиерите на Грција и на Македонија, Никола Груевски и Лукас Пападемос.

Македонија не треба да бара алиби за спорот за името, реагира опозицијата. Откако Груевски доби писма од грчка страна, изјави дека тоа се најрадикални ставови што ги имала Грција во својата историја во однос на спорот за името.

Македонија нема многу корист од барањето какво и да е алиби спорот за името да се држи во статус кво и без никакви можности да се изнајде решение коешто би ги одблокирало евроинтеграциите, реагираат партиите од опозицијата на изјавата на премиерот Груевски како реакција на содржината на двете писма коишто ги доби како одговор од премиерот Пападимос и од лидерот на десничарската Нова Демократија, Самарас.
Ако намерата му е да собира докази за да ги оцрни Грција, Самарас или кој знае кој друг, јас мислам дека ништо нема да се постигне со тоа. Тоа е само негово алиби сега за да ја подготви јавноста во државата дека ништо нема да се случи ни во Чикаго.
Зијадин Села, ДПА.

Ова се најрадикални ставови што ги имала Грција во својата историја во однос на спорот за името и укажуваат на тоа дека немаат намера да се занимаваат со овој проблем, изјави Груевски објавувајќи ги содржините на двете писма истовремено, иако грчкиот премиер своето писмо го испратил на 7 декември.

„Ако намерата му е да собира докази за да ги оцрни Грција, Самарас или кој знае кој друг, јас мислам дека ништо нема да се постигне со тоа. Тоа е само негово алиби сега за да ја подготви јавноста во државата дека ништо нема да се случи ни во Чикаго, нели. А тврдењата дека еве Грција не сака да го реши проблемот, јас како што знам тоа не е проблем на Грција, туку на Македонија“, изјави Зијадин Села од опизициската ДПА.

Проблемот којшто го имаме со соседна Грција е клучен за иднината на земјата и оттука власта е обврзана да бара решение, а не алиби кај другата страна, додава​ Андреј Петров од СДСМ.

Немаме ние многу ќар од создавање на политика која всушност секогаш ќе бара алиби во спротивната страна за неможноста да се најде решение кое ќе ја одблокира интеграцијата на државата.
Андреј Петров, СДСМ.
„Немаме ние многу ќар од создавање на политика која всушност секогаш ќе бара алиби во спротивната страна за неможноста да се најде решение кое ќе ја одблокира интеграцијата на државата.“

Во владејачката ДУИ се на ставот дека Македонија, преку обидите да воспоставува контакти со високите грчки функционери, покажува конструктивност, а грчките одговори се само дел од вообичаената комуникација во процесот.

„Сметам дека со помош на меѓународната зедница ќе се надмине секој можен спор во комуникацијата меѓу двете држави и ќе се изнајде решение до самитот во Чикаго, дури тоа да биде и со привремената референца ФИРОМ“, изјави Артан Груби од ДУИ.

Во двете писма коишто ги доби Груевски, грчкиот премиер Пападимос му порачува дека изнаоѓање решение за името со употреба ерга омнес е основен начин за одблокирање на евроинтеграциите, а Самарас пак евентуелната средба во овој момент не смета дека би била продуктивна.

Она што станува многу видливо кај Грција е дека ставовите меѓу двата клучни субјекти во политичкиот живот двете клучни партии во однос на спорот за името се сосема усогласени додека во Македонија отсуствуваа секакви разговори на оваа тема меѓу власта и опозицијата и многу сме далеку од формулирање заеднички ставови, додава Петров.
XS
SM
MD
LG