Според упатените, средбите во Брисел треба да ги одржат притисокот и позитивна тензија во врска со претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја. Од Институтот за европска политика очекуваат Комисијата да ги продолжи напорите, но предупредуваат дека не треба да се биде премногу оптимистичен оти клучниот збор сепак го има Советот, односно државите членки на Унијата.
„Исто така Грција и понатаму покажува дека е „тврд орев“ и дека игра на поддршката во советот на Европската унија, односно на државите членки“,
изјави Малинка-Ристевска Јорданова, директор на Институтот.
Средбите во Брисел би требало да дадат насоки како натаму ќе се развива целиот процес до јуни, како рамка која ја зададе Комисијата во декември лани, вели Бојан Маричиќ од Центарот за европско образование.
„Веројатно оваа средба би требало да се случи и малку подоцна заради тоа што од декември откако е донесен заклучокот како ќе се одвива планот за решавање на ситуацијата со Македонија до јуни е поминато многу кратко и реално тешко е да се очекува некаков напредок, меѓутоа сепак сме во специфична политичка ситуација, дека постои кај нас голема политичка криза и веројатно затоа оваа посета се случува порано, заради тоа што нема да бидат само редовните теми, тема на разговор.“
Тековните случувања во внатрешно-политичкиот живот во земјава, без сомневање ќе имаат влијание врз пролетниот извештај, велат експертите. Според нив продлабочувањето на политичката криза ќе се рефлектира и на преговарачкиот процес за спорот за името со Грција, а во фокусот на извештајот очекуваат да биде политичкиот дијалог.
„Секако дека ќе има влијание, затоа што се работи за основни принципи на парламентарната демократија коишто се нарушија во Република Македонија“, вели Јорданова.
„Доколку успееме да излеземе од таа политичка криза како некоја демократска или полу демократска држава, веројатно тоа ќе биде проценето добро. Ако се продлабочи кризата сигурно нема да добиеме позитивни оценки, меѓутоа она што би сакал да го нагласам е дека сето ова е непосредно поврзано со проблемот со името, будејќи ние не знаеме со каква динамика ќе се одвиваат по тоа прашање“, вели Маричиќ.
За нас е многу значајно нормализацијата и подобрувањето на демократските процеси да се случи поради самите нас, а потоа тоа да се одрази и во извештајот на комисијата, сугерираат нашите соговорници.
Според најавите од македонското МНР, министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе ги запознае соговорниците со напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, особено во клучните области кои ќе бидат во фокусот на пролетниот извештај на Европската комисија за Република Македонија. На средбите се очекува да се разговара и за тековните активности на Република Македонија за унапредување на односите со соседите, како и за активностите во рамки на разговорите кои се одвиваат под покровителство на ОН за надминување на разликата околу името со соседна Грција.
Грција и понатаму покажува дека е „тврд орев“ и дека игра на поддршката во советот на Европската унија, односно на државите членки.Малинка-Ристевска Јорданова, Институт за европска политика.
„Исто така Грција и понатаму покажува дека е „тврд орев“ и дека игра на поддршката во советот на Европската унија, односно на државите членки“,
изјави Малинка-Ристевска Јорданова, директор на Институтот.
Средбите во Брисел би требало да дадат насоки како натаму ќе се развива целиот процес до јуни, како рамка која ја зададе Комисијата во декември лани, вели Бојан Маричиќ од Центарот за европско образование.
Веројатно оваа средба би требало да се случи и малку подоцна заради тоа што од декември откако е донесен заклучокот како ќе се одвива планот за решавање на ситуацијата со Македонија до јуни е поминато многу кратко и реално тешко е да се очекува некаков напредок, меѓутоа сепак сме во специфична политичка ситуација, дека постои кај нас голема политичка криза и веројатно затоа оваа посета се случува порано, заради тоа што нема да бидат само редовните теми, тема на разговор.Бојан Маричиќ,Центар за европско образование.