Зголемениот интерес од страна на ЕУ за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција за експертите има за цел да се охрабрат двете страни побрзо да дојдат до решение. Министерот за надворешни работи Никола Попоски позитивно реагираше на предлогот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба со грчкиот министер за надворешни Димитис Аврамопулос.
Грчките власти соопштија дека не се против средбите доколку постои добра подготовка, која ќе обезбеди значителен резултат. Но треба, според нив, да се напомене дека преговарачкиот процес се води под покровителство на ОН и не е поврзан со ЕУ. Грчката страна ја очекува престојната средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк на 29 и 30 јануари и како што се вели во соопштението нема причина за средба на двајцата министри со Филе.
Портпаролот на Филе, Петар Стано вели дека ЕУ сака што побрзо да се дојде до решение на спорот со името.
„Кога се работи за прашањето со името позициите на ЕК и ЕУ се многу јасни и беше потенцирано дека има потреба долгите дискусии за името да резултираат со дефинитвен заклучок, без одлагање. Секој чекор кој ќе допринесе кон тоа е многу добар, охрабрувачки и добредојден. Комисијата многу сака да види решение и тоа е позицијата за која зборуваме цело време“, вели Стано.
Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека Унијата е свесна дека ОН и медијаторот Нимиц треба да го изготват финалното решение за спорот со името. Но, поради фактот што започнувањето на преговорите со Унијата зависат од спорот со името им дава за право да помогнат во придвижување на процесот додека конечно не се реши прашањето.
„Добродојдени се тие идеи, претходно го имаше оној дијалог на високо ниво кој исто така најде некаков процеп да продолжи таа врска меѓу Македонија и ЕУ, па можеби ќе изнајдат и некакво друго решение, ако се свесни дека на пример не е можно во кратко време целосно да се затвори ова прашање.“
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека во секој случај ЕУ е чинител и крајна цел на нашата дипломатија.
„И самото присуство таму ќе биде уште едно охрабрување за двете страни во спорот, да ги надминат тривијалните причини или опструкции и да преминат на посуштински дијалог.“
Експертите се скептични дека Унијата може да делува како независен фактор во спорот за името поради позицијата на Грција и можноста секој предлог кој не и одговара да го блокира. Но, според нив секој интерес е за поздрав и македонската политика треба да види што може да извлече во полза на државата.
Кога се работи за прашањето со името позициите на ЕК и ЕУ се многу јасни и беше потенцирано дека има потреба долгите дискусии за името да резултираат со дефинитвен заклучок, без одлагање. Секој чекор кој ќе допринесе кон тоа е многу добар, охрабрувачки и добредојден.Петар Стано, потпарол на еврокомесарот Штефан Филе.
Грчките власти соопштија дека не се против средбите доколку постои добра подготовка, која ќе обезбеди значителен резултат. Но треба, според нив, да се напомене дека преговарачкиот процес се води под покровителство на ОН и не е поврзан со ЕУ. Грчката страна ја очекува престојната средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк на 29 и 30 јануари и како што се вели во соопштението нема причина за средба на двајцата министри со Филе.
Портпаролот на Филе, Петар Стано вели дека ЕУ сака што побрзо да се дојде до решение на спорот со името.
„Кога се работи за прашањето со името позициите на ЕК и ЕУ се многу јасни и беше потенцирано дека има потреба долгите дискусии за името да резултираат со дефинитвен заклучок, без одлагање. Секој чекор кој ќе допринесе кон тоа е многу добар, охрабрувачки и добредојден. Комисијата многу сака да види решение и тоа е позицијата за која зборуваме цело време“, вели Стано.
Добродојдени се тие идеи, претходно го имаше оној дијалог на високо ниво кој исто така најде некаков процеп да продолжи таа врска меѓу Македонија и ЕУ, па можеби ќе изнајдат и некакво друго решение, ако се свесни дека на пример не е можно во кратко време целосно да се затвори ова прашање.Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи