Директорот за проширување на Европската комисија, Стефано Санино ги избегна новинарите по претпладневната средба со лидерот на Социјалдемократскиот Сојуз Бранко Црвенковски. Не беше расположен за коментар и изјава околу разговорот со Црвенковски и за тоа каква порака му пренел на лидерот на опозицијата.
Од СДСМ преку соопштение информираат дека на средбата Санино бил запознаен со ставовите на опозицијата во врска со актуелната политичка криза во земјата. Од партијата му бил презентиран планот за излез од политичката криза, според кој враќање на изгубениот легитимитет на институциите ќе се направи преку слободни и фер предвремни парламентарни избори.
По средбата со Црвенковски, Санино се сретна и со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Препораката за старт на преговори на ЕК останува, земјите – членки на ЕУ во заклучокот од минатиот декември јасно наведоа временска рамка и чекори кои се очекува Македонија да ги преземе за да се добие позитивен извештај од Комисијата.
Според најавите, ова е обид на Санино да ја почувствува состојбата и да се обиде да ги приближи, засега дијаметрално спротивставените позициите на власта и опозицијата по случувањата во собранието. Се очекува, тој јасно да им пренесе на своите соговорници што претставува ваквата ситуација за европските аспирации на Македонија и дека ваков развој на настаните не е нешто што се очекува од една земја-кандидатка.
На вчерашната прес-конференција, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Питер Стано изјави дека се очекува Македонија да ги заврши потребните задачи за да добие позитивен извештај од Комисијата.
„Препораката за старт на преговори на ЕК останува, земјите – членки на ЕУ во заклучокот од минатиот декември јасно наведоа временска рамка и чекори кои се очекува ПЈР Македонија да ги преземе за да се добие позитивен извештај од Комисијата“, изјави Стано.
Во извештајот кој Комисијата се очекува да го изготви напролет, ќе се оценува текот на спроведувањето на реформите од пристапниот дијалог на високо ниво, како и чекорите преземени во промовирање добрососедски односи и постигнување решение за прашањето за името.
Според предвидената агенда, Санино ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, со лидерите на поголемите политички партии и невладини организации меѓу кои и Здружението на новинари. Токму ЗНМ, веднаш по настаните во Собранието одлучи да ги прекине преговорите со Владата, односно дијалогот за слободата на медиумите и законодавството што е дел од евроинтегративниот процес.
Во неделното интервју за Радио Слободно Европа, претседателот Насер Селмани рече дека одговорноста не е на новинарите и здружението туку на Владата. Токму таа, рече тој, во март или во април треба да оди во Брисел и да им објасни на тие дипломати таму што се случи и како мисли да се справи со оваа ситуација, како мисли да ја санира ова ситуација и како мисли да ги убеди нив дека се уште искрено посакуваме да се интегрираме во ЕУ. Одговорност на Владата е да им објасни на нивните поддржувачи колку прави оваа земја за интегрирањето во ЕУ и НАТО.
На средбата Санино беше запознаен со ставовите на опозицијата во врска со актуелната политичка криза во земјата. Му беше презентиран планот за излез од политичката криза, според кој враќање на изгубениот легитимитет на институциите ќе се направи преку слободни и фер предвремни парламентарни избори.Соопштение од СДСМ.
Од СДСМ преку соопштение информираат дека на средбата Санино бил запознаен со ставовите на опозицијата во врска со актуелната политичка криза во земјата. Од партијата му бил презентиран планот за излез од политичката криза, според кој враќање на изгубениот легитимитет на институциите ќе се направи преку слободни и фер предвремни парламентарни избори.
По средбата со Црвенковски, Санино се сретна и со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Препораката за старт на преговори на ЕК останува, земјите – членки на ЕУ во заклучокот од минатиот декември јасно наведоа временска рамка и чекори кои се очекува Македонија да ги преземе за да се добие позитивен извештај од Комисијата.
Питер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.