Достапни линкови

Иванов - Разочарани, ама остануваме на патот кон ЕУ


Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Собранието.
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Собранието.

Претседателот Иванов во годишното обраќање, оцени дека е можно решение за спорот со името, но не со уцени на штета на идентитетот. Ја повтори заложбата за добрососедски односи.

Разочаран од исходот на годинешниот Самит во Брисел, но со порака дека Македонија останува верна на евроатланската интеграција претседателот Ѓорѓе Иванов во своето четврто годишно обраќање се осврна на неисполнувањето на очекувањата земјата да го добие датумот за почеток на преговори со ЕУ. Според него, се чини дека старите излитени балкански манири, интереси, аспирации и поделби, сè уште опстојуваат и се наметнуваат на исходите на самитите на Европската унија. Во поглед на разговорите за прашањето за името, Иванов рече како и досега, искрено и посветено им пристапувале.
Сакам во оваа прилика јасно да ставам на знаење, прво на моите сограѓани, а потоа на меѓународната заедница, дека до заемно прифатливо решение може да се дојде доколку не сме соочени со ултимативни барања на штета на нашите национални интереси и идентитет.
Ѓорѓе Иванов, претседател на Македонија.

„Сакам во оваа прилика јасно да ставам на знаење, прво на моите сограѓани, а потоа на меѓународната заедница, дека до заемно прифатливо решение може да се дојде доколку не сме соочени со ултимативни барања на штета на нашите национални интереси и идентитет.“
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Собранието
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Собранието

Иванов побара во процесот да се почитуваат Резолуциите на Обединетите нации кои се однесуваат на спорот за името, Времената спогодба, како и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Според него, секое неадекватно решение може многу неповолно да се одрази на целиот регион. Иванов порача да не се содава лажна претстава за состојбата со добрососедските односи.

„Ние мора да си помагаме, а не да си попречуваме. Блокадите и попречувањата се на штета и на тие што блокираат, а најголема жртва е целиот наш регион. Целосно сме отворени кон сите наши соседи. И натаму ќе настојуваме да ги развиваме добрососедските односи. Неприфатливи се обвинувања од кој било за наводен иредентизам и национализам кој доаѓа од Македонија.“
Со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор достигнавме ниво на поголемо разбирање, почитување и толеранција. Изградивме и модел кој се стреми да интегрира, а не да асимилира.Потребно е стриктно придржување до основните принципи на Охридскиот рамковен договор и одвивање на политичкиот процес во таа рамка.
Ѓорѓе Иванов, претседател на Македонија.

Иванов рече дека и во оваа година кон Македонија се упатуваа апсурдни или навредливи изјави на малкумина „дежурни“ политичари од соседството за нашите меѓуетнички и меѓусоседски односи.

„Ние не подлегнавме на никакви провокации. Нашиот народ низ минатите векови многу преживеал и доживеал. Се стекнал со голема мудрост, жилавост и сила. Тие изјави за дневно-политичка употреба, ниту можеле, ниту во иднина ќе можат да ги нарушат вековните добрососедски односи на народите во овој наш регион.“
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Собранието.
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Собранието.

Иванов порача и дека не треба да се дозволи да бидат доведени во прашање меѓуетничките односи во Македонија.

„Со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор достигнавме ниво на поголемо разбирање, почитување и толеранција. Изградивме и модел кој се стреми да интегрира, а не да асимилира.Потребно е стриктно придржување до основните принципи на Охридскиот рамковен договор и одвивање на политичкиот процес во таа рамка.“
Зборуваше меѓу другото и за буџетот напаѓајќи ја опозицијата, што не е улога на претседател на државата. Можам само да му порачам дека најголемиот непродуктивен расход на буџетто на државата ќе биде неговиот мандат.
Андреј петров, СДСМ.

Државнички говор или говор без суштина?

По говорот на претседателот, еве што рекоа некои од пратениците.

Пратеникот Андреј Петров од СДСМ рече дека претседателот денеска бил во улога на гласноговорник и верна сенка на премиерот Никола Груевски.

„Зборуваше меѓу другото и за буџетот напаѓајќи ја опозицијата, што не е улога на претседател на државата. Можам само да му порачам дека најголемиот непродуктивен расход на буџетто на државата ќе биде неговиот мандат.“


Претседателот одржа државнички говор каков што му доликува, изјави пратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имавме вистинско државничко обраќање од страна на претседателот на Република Македонија. Тој направи се што може да ја промовира Република Македонија и да им помогне на граѓаните.“

За НСДП говорот говорот на претседателот бил со бледа содржина.

„Жалиме што и во денешното обраќање не успеа да излезе од партиските стеги и барем еднаш да ја испочитува својата уставна позиција како прв човек на државата. Наместо да демонстрира авторитет и одлучност се однесуваше како портпарол на владата со премиерски амбиции“, вели Горан Мисовски од НСДП.

Фламуре Демири Креци од Национална демократска преродба рече дека и во овој говор претседателот не ги претставил интересите на сите граѓани.

„Претседателот Иванов никогаш не бил претседател на Македонија, туку само на партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ и секогаш работи под директива на премиерот Груевски.

На годишното обраќање на Иванов во Собранието присуствуваат премиерот Никола Груевски, владините министри, началникот на ГШ на АРМ, претседателите на Уставниот и на Врховниот суд, на Судскиот совет, гувернерот на Народна Банка, Јавниот обвинител, Народниот правобранител, лидерите на верските заедници, шефовите на дипломатско-конзуларните стрнаски претставништва во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG