Достапни линкови

Граѓаните задоволни од претседателот Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје.
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје.

Граѓаните имаа можност на претседателот Ѓорге Иванов во Народната канцеларија во Скопје да му ги пренесат своите ставови, мислења, но и препораки и пофалби за неговата досегашна работа.

Седнати на иста маса со претседателот Ѓорѓе Иванов граѓаните имаа можност во Народната канцеларија во Скопје да му ги пренесат своите ставови, мислења, но и препораки и пофалби за неговата досегашна работа.
Мојата перцепција за претседателот на Република Македонија е дека не се работи за политичар кој ги штити интересите за покачување на својот рејтинг или пак работи во интерес на неговата партија, туку од она што го гледам мислам дека се работи за патриот кој работи исклучиво за интересите на својата држава.
Анкетиран граѓанин.

Освен во главниот град ваков тип на канцеларии се отворени и во Битола и Тетово како резултат на заложбите на претседателот преку непосреден контакт граѓаните да имаат можност да ги изложат нивните иницијативи, предлози и сугестии од јавен карактер.

Еден од присутните, пензионерот Недан Јовановски го праша претседателот како странските државници ги разбираат неговите препораки и дали ја разбираат состојбата во нашата држава.

„Одговорот беше дека странските државници постојано се менуваат и постојано треба да се инсистира на решавањето на прашањето за името со нашиот јужен сосед, прашањето за нашиот идентитет.“
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје

Исмаил Бахтијари се интересираше за перспективата на младите во земјата и што државата презема во таа насока.
„Ми одговори дека во тек се инвестиции во Македонија и со тие инвестиции се отвараат нови работни места за младите. На средбата мi напомена и дека е вклучен во многу проекти поврзани со младински активности и ги подржува младите и ги разбира нивните проблеми.“

Граѓаните на крајот беа задоволни од одговорите што ги добија.

„Мојата перцепција за претседателот на Република Македонија е дека не се работи за политичар кој ги штити интересите за покачување на својот рејтинг или пак работи во интерес на неговата партија, туку од она што го гледам мислам дека се работи за патриот кој работи исклучиво за интересите на својата држава.“

„Од одговорот што го добив од претседателот сум навистина задоволен, видов дека има разбирање за сите проблеми.“​
Ѓорге Иванов - средба со граѓани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00
Преку народните канцеларии граѓаните имаат можност да се запознаат со активностите на Претседателот. Но се уште немаат информации колку граѓани ги посетиле и за што најмногу се интересираат. Народната канцеларија во Скопје беше отворена во април 2010 година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG