Спорот за името со Грција, македонските евроинтеграции, меѓуетничките односи...
За овие теми скоро секој ден зборуваат политичките претставници на власта и опозицијата. Иако локалните избори наближуваат, домашната јавност оценува дека партиите од двата спротиставени табора се однесуваат како да се подготвуваат за парламентарни избори. Локалните прашања и теми кои ги засегаат и оние кои живеат во град, но и оние во село, се чини ги подзаборавија.
„Дефинитивно обичниот граѓанин сака да има добра инфраструктура, да има училишта, да има амбуланти, да има водоводи, канализации. Е сега кога се немоќни да им го пружат тоа на граѓаните, велат па ние имаме многу поважни работи што треба да се направат, треба да се надмине проблемот со името, а еве ни се случуваат и многу лоши работи на меѓунационален план“, вели универзитетскиот професор Етем Азири.
Прашањата кои се од стратегиско и државно значење носат повеќе политички поени и привлекуваат повеќе потенцијални гласачи, смета политикологот Соња Стојадиновиќ. Токму затоа, вели таа, партиите се одлучуваат да дебатираат за „висока политика“, иако не очекуваат локални, а не парламентарни избори.
„На пример, ако еден политичар зборува за проблеми кој е од значење за село Миравци, нема да го засега гласачот од село Челопек. Секогаш е полесно да се стават на тапет државните проблеми кои ги засегаат сите гласачи, за да им се приближат кандидатите на гласачите, без разлика дали изборите се локални или парламнтарни.“
Политичките партии во земјава се збунети, а нивната немоќ да се справат со проблемите на обичните граѓани е главната причина поради која локалните прашања и проблеми стануваат споредни, велат аналитичарите.
„Политичките партии, бидејќи не се во состојба да ги решаваат тие локални проблеми, тие одат на оние жешки теми. Секогаш било така во Македонија“, вели Азири.
Судејќи според досегашното искуство, пред секој изборен циклус политичките субјекти дебатираат за прашања кои се од национален интерес, додава Стојадиновиќ.
„Тактизирањето со државните проблеми е за да се приближат гласачите и да кажат : Леле овие се грижат за сите нас, не се грижат само за локалците, се грижи за сите државјани на Република Македонија, иако тоа е празна реторика.“
Иако владејачката партија веќе соопшти дека нема намера да му ја исполнува секоја желба на Бранко Црвенковски откако побара парламентарни избори заедно со локалните во март, експертите не ја исклучуваат можноста дека власта тактизира и оти е веројатно да ја прифати понудата на здружената опозиција.

Дефинитивно обичниот граѓанин сака да има добра инфраструктура, да има училишта, да има амбуланти, да има водоводи, канализации. Е сега кога се немоќни да им го пружат тоа на граѓаните, велат па ние имаме многу поважни работи што треба да се направат, треба да се надмине проблемот со името, а еве ни се случуваат и многу лоши работи на меѓунационален план.Етем Азири, универзитетски професор.
„Дефинитивно обичниот граѓанин сака да има добра инфраструктура, да има училишта, да има амбуланти, да има водоводи, канализации. Е сега кога се немоќни да им го пружат тоа на граѓаните, велат па ние имаме многу поважни работи што треба да се направат, треба да се надмине проблемот со името, а еве ни се случуваат и многу лоши работи на меѓунационален план“, вели универзитетскиот професор Етем Азири.
Прашањата кои се од стратегиско и државно значење носат повеќе политички поени и привлекуваат повеќе потенцијални гласачи, смета политикологот Соња Стојадиновиќ. Токму затоа, вели таа, партиите се одлучуваат да дебатираат за „висока политика“, иако не очекуваат локални, а не парламентарни избори.
Ако еден политичар зборува за проблеми кој е од значење за село Миравци, нема да го засега гласачот од село Челопек. Секогаш е полесно да се стават на тапет државните проблеми кои ги засегаат сите гласачи.Соња Стојадиновиќ, политиколог.