Достапни линкови

Надпартиски консензус ќе го скрати патот до ЕУ


Времето е кратко, а задачите тешки, но политичарите велат дека мора да седнат на иста маса и власта и опозицијата и да стават еден параф дека интеграцијата во ЕУ е заеднички приоритет.

Македонија по пораките од Брисел е ставена пред уште еден тест, во следните неколку месеци да покаже волја дека може да се справи со проблемите со Грција и со Бугарија, ако сака да добие датум за преговори. Времето е кратко, а задачите тешки, но политичарите велат дека мора да седнат на иста маса и власта и опозицијата и да стават еден параф дека интеграцијата во ЕУ е заеднички приоритет.
Треба уште повеќе да ни биде мотив за постигнување на тој консензус што ние постојано го бараме, на кој притискаме и инсистираме дека се друго е подредено на тој стратешки интерес којшто е услов без кој не се може во однос на перспективата и стабилноста на државата, така да неминовно е дека сите треба да се свестат дека мора да се постигне тој национален консензус.
Бујар Османи, ДУИ.


Бујар Османи од ДУИ, владиниот коалиционен партнер, вели дека интеграцијата во ЕУ е на прво место, и од тоа зависи стабилноста на земјата, ни и на регионот, а се друго треба да биде подредено на тоа. Тој вели дека одлуката на ЕУ треба да ни помогне за решавање на споровите.

„Треба уште повеќе да ни биде мотив за постигнување на тој консензус што ние постојано го бараме, на кој притискаме и инсистираме дека се друго е подредено на тој стратешки интерес којшто е услов без кој не се може во однос на перспективата и стабилноста на државата, така да неминовно е дека сите треба да се свестат дека мора да се постигне тој национален консензус.“

Османи додава дека ДУИ има политички волја да се седне на маса и со другите политички партии и општествени чинители и да ги убеди дека евроинтеграциите се услов без кој се не може, затоа што ова одлука на ЕУ мора да се искористи.
Тука ни треба и национален и и етнички консензус и треба да седнеме независно од своите актуелни ставови, лични интереси, партиски профитерства и така натаму, да се договориме за онаа што ќе ја одглави Македонија и дефинитивно ќе добиеме датум за почеток на преговори. Мислам дека не е доцна и мислам дека нема да му фали ништо на премиерот во овој случај тој да свика таква средба.
Тито Петковски, НСДП.

Најголемите партии од власта и од опозицијата вчера излегоа со првични реакции за одлуката на ЕУ, но денеска не беа достапни за одговор за тоа што сега ќе прават, како понатаму на патот кон ЕУ.

Илија Димовски, директор на центарот за комуникации на ВМРО- ДПМНЕ вчера рече дека Македонија го направи максимумот за да ја изрази својата подготвеност за влез во Унијата. Според него на Македонија повторно ѝ е направена неправда од страна на Грција, но тоа немало да биде пречка да продолжат да ги спроведува реформите и да се имплементираат европските стандарди. Тој на СДСМ им порача „наместо меѓусебни обвинувања внатре во државата, зацврстување на консензусот за позициите на Република Македонија, кои се базирани на принципиелноста“.

Ни од СДСМ денеска никој не кометира за тои кои би биле следните чекори. На вчерашната прес конференција Андреј Петров ја обвини власта за неуспехот со интеграциите. Тој рече дека оваа власт нема ни решение, ни план за остварување на европската перспектива. На Македонија ѝ е потребен нов пристап во справувањето со своите предизвици, а оваа владејачка гарнитура, сосема сигурно, тоа не може да го испорача.

Тито Петковски од опозициската НСДП, вели дека ако една политика не резултира со позитивни ефекти , очигледно е дека треба да се менува. Петковски вели дека ниту една политичка партија не може сама да го реши проблемот со името и затоа е потребно единство.

„Тука ни треба и национален и и етнички консензус и треба да седнеме независно од своите актуелни ставови, лични интереси, партиски профитерства и така натаму, да се договориме за онаа што ќе ја одглави Македонија и дефинитивно ќе добиеме датум за почеток на преговори. Мислам дека не е доцна и мислам дека нема да му фали ништо на премиерот во овој случај тој да свика таква средба.“

Тој вели дека сите парламентарни политики партии треба да потпишат изјава дека евроинтеграциите се заеднички приоритет и да почнат да работат се дури не се усогласи дефинитивниот став на Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG