Достапни линкови

Нацрт заклучоци на ЕУ за Македонија


Состанокот на EУ министрите за надворешни работи во Брисел на кој, меѓу другото, треба да се реши дали и на кој начин на Македонија ќе и се додели датум за преговори сè уште трае. Ова се нацрт заклучоците:

Во нацрт заклучоците на денешниот министерски Совет на ЕУ во Брисел, до кои дојде Радио Слободна Европа, во делот за Македонија, кои сè уште не се докрај усогласени меѓу другото е наведено:
Одржувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и постигнувањето на заедничко прифатливо решение за спорот за името за што се водат преговори под покровителство на ОН е од суштинско значење.

„Со оглед на евентуалната одлука да се отворат преговорите за членство со поранешната југословенска Република Македонија во 2013 година што е предмет на одобрување на Европскиот совет, Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на дијалогот на високо ниво, како и добрососедски односи, кои ќе бидат презентирани на Комисијата во првата половина на 2013 година. Се повикува Комисијата навремено да поднесе предлог рамка за преговори со поранешната југословенска Република Макеоднија во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември 2006 година кои исто така ги земаат предвид добрососедските односи.“

Во продолжение се вели дека одржувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и постигнувањето на заедничко прифатливо решение за спорот за името за што се водат преговори под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот ја поздравува динамиката кој е генериран од последните средби и контакти на двете страни што следуваше по грчкиот меморандум за разбирање. Во контекст на прашањето за добрососедските односи, Советот наведува дека ги забележал и неодамнешните контакти на високо ниво меѓу Македонија и Бугарија.

Советот забележува дека дијалогот на високо ниво претставува катализатор за реформите и дека се потребни континуирани напори во тој процес особено во делот на владеењето на правото, слободата на изразувањето, борбата против корупцијата и меѓуетничките односи.

Советот, во нацрт-заклучоците го поздравува напредокот во бројни клучни политички области вклучувајќи ја и законската рамка за изборите и јавната администрација, а во однос на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор ја охрабрува владата да продолжи со следната фаза, потсетувајќи дека договорот останува суштински елемент на демократијата и владеењето на право.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG