Достапни линкови

Попоски ја прифаќа иницијативата на Филе


Архивска фотографија: Деветти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. Теута Арифи, Никола Попоски, Штефан Филе.
Архивска фотографија: Деветти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. Теута Арифи, Никола Попоски, Штефан Филе.

Позитивен предлог кој може само да придонесе кон дополнително градење на довербата меѓу двете земји, е оценката на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на иницијативата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски го оцени како позитивен предлог писмото од еврокомесарот Штефан Филе до грчкиот министер за надворешни работи Аврамопулос со кое предлага заедничка средба и со Попоски. За Попоски тоа може да придонесе кон дополнително градење на довербата меѓу двете земји, како и за задржување на кредибилитетот на евроинтеграциите што е од клучно значење на Европската комисија.
Сметам дека е добро да се има комуникација, позитивно е да има придвижување во тој правец и мислам дека е логично во ова ирско претседателство да се донесат одлуки кои би обезбедиле зачувување на тој кредибилитет во наш интерес, во интерес на земјите-членки и секако на Европската комисија.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.

„Мислам дека сите имаат интерес за зачувување на кредиблитетот на европските интеграции без никаков исклучок. Сметам дека секоја земја-членка на ЕУ има интерес во зачувување на тој кредибилитет и клучни играчи во зачувување на тој кредибилитет треба да бидат оние кои го предизвикале тој кредибилитет во минатото, а ние како земја-кандидат имаме интерес да бидеме конструктивен партнер во градење на дијалог кој ќе ни овозможи надминување на непринципиелни препреки поставени во минатото. Така што сметам дека е добро да се има комуникација, позитивно е да има придвижување во тој правец и мислам дека е логично во ова ирско претседателство да се донесат одлуки кои би обезбедиле зачувување на тој кредибилитет во наш интерес, во интерес на земјите-членки и секако на Европската комисија“, рече Попоски.
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе Брисел, Белгија
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе Брисел, Белгија
Во моментов тоа што Европската унија го бара од нас е да не се дефокусираме од европскиот пат, односно од агендата и од обврските што ги имаме ние како држава и да се создадат услови во државата со цел да бидеме фокусирани кон тие цели.
Бујар Османи, ДУИ.

Од кабинетот на Филе за Радио Слободна Европа потврдија дека Филе испратил писмо до Авромопулос, но без да коментираат што тоа содржело.

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе планира наскоро да дојде во Македонија во рамки на посетата на регионот, но се уште не се знае точно кога, велат од неговиот кабинет. Тие ги демантираат пишувањата во некои медиуми дека Санино би можел да биде личен претставник на Филе во спорот со името меѓу Македонија и Грција, затоа што процесот се води во рамките на ОН.
Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија Стефано Санино.
Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија Стефано Санино.

Во врска со посетата на Санино, експертите се скептични дека ЕУ може да помогне во надминување на политичката криза. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека не би можеле да кометираат какви ќе бидат понатамошните активност на Унијата по ова прашање.

Потпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека не би можеле да коментираат какви ќе бидат понатамошните активност на ЕУ по ова прашање.

„Во моментов тоа што Европската унија го бара од нас е да не се дефокусираме од европскиот пат, односно од агендата и од обврските што ги имаме ние како држава и да се создадат услови во државата со цел да бидеме фокусирани кон тие цели.“

Поранешниот амбасадор и професор Нано Ружин вели дека посетата на Санино може да ја оцениме како позитивна во смисла на покажан интерес од страна на ЕУ за политичката состојба во Македонија. Но независно од тоа барањата на опозицијата и она што власта го прифаќа според Ружин се толку одалечени што ЕУ не е во состојба да ги менаџира.

„Mожеби ќе дојде до одредено изнаоѓање на некоја компромисна формула, но засега од ова што беше како средба со Санино не може да се заклучи дека брзо, лесно и ефикасно ќе се најде компромисната формула.“

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири не верува дека опозицијата ќе се врати во Парламентот, затоа што позициите со власта им се многу спротиставени.

„Власта и понатаму се тера по свое, смета дека може така да функционира. На ВМО-ДПМНЕ и е доволна ДУИ за да може да функционира, не верувам дека мноу работи можат да помогнат од Европската унија, затоа што и тие се уморни со сите сугестии кои ги даваат на власта околу ова.“

Според Демири власта одамна повеќе се занимава со тоа како ќе владее и како повеќе гласови да добие, отколку на она што реално треба за земјата да го направи.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG