Достапни линкови

Нимиц на новa рунда разговори со Јолевски и Василакис


Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, 20 ноември 2012.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, 20 ноември 2012.

Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц, утре и задутре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Средбата е закажана по неодамнешната посетата на Нимиц на регионот.

Медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите на Македонија и Грција во Њујорк. Предвидено е разговорите да се одвиваат според последната дводневна средба која се одржа кон крајот на ноември минатата година.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц и македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц и македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски.

Нимиц поединечно ќе се сретне со Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски. На 30 јануари медијаторот закажа заедничка средба со двајцата преговарачи по што е предвидено обраќање на јавноста. Вториот ден од разговорите и прес конференцијата се очекува да се одржат во комплексот на Обединетите нации.

Средбата е закажана по неодамнешната посетата на Нимиц на регионот. По средбите во Атина Нимиц се сретна со претставници на македонскиот државен врв. Тој позитивно одговори на прашањето дали после 20 години гледа шанса за конечно решение на спорот за името. Нимиц не откри кои предлози ги претставил, зашто, според него, тоа не би помогнало на процесот. Само изјави дека нема целосно нови предлози, туку различни контексти и формулации. Секогаш има простор за креативност, рече Нимиц.

Она што според медијаторот може да се дефинира како напредок е тоа што секоја страна подобро ги разбира грижите на другата страна и се размислува за тоа дали понудената опција е прифатлива за другата страна.

Додека македонските медиуми шпекулираа за наводно променет однос на Унијата кон билатералниот спор со соседна Грција, официјален Брисел потврди дека решението за името е важен услов за почеток на пристапните преговори за влез на Македонија во Европската унија. Портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе дополни дека решавањето на спорот ќе значи чекор напред за добрососедските односи.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски пред средбата со Нимиц во Скопје рече дека секоја комуникација меѓу Македонија и Грција треба да биде фокусирана на можноста за меѓусебно приближување и градење на клима на доверба и поддршка. Пред крајот на минатата година министерот изјави дека Македонија останува на конзистентен став за активно и конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ОН и залагање за почитување на меѓународното право, сите релевантни резолуции на ОН и компетентните органи, особено Меѓународниот суд за правдата.
XS
SM
MD
LG