По средбите кои претпладне ги имаше со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со шефот на државата Ѓорге Иванов, медијаторот Нимиц замина на средба со премиерот Никола Груевски за, како што беше најавено, да ги презентира идеите за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа завчера го направи и во Атина.
По пристигнувањето во Скопје, Нимиц изјави дека работи напорно за да се види дали е можно да се постигне некаков напредок.
Пред два дена во Грција посредникот имаше средба со премиерот Андонис Самарас и со министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбата изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името. Истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“ и информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали. Рече дека не може да открие што презентирал, но исто така изрази уверување дека дискусиите може да се забрзаат и да се постигне некакво решение.
Според грчките медиуми, посетата на Нимиц во Атина значи одбележување на „многу раната фаза“ од новите напори за решавање на спорот. Весникот Катимерини пишува дека медијаторот не донел специфични предлози туку презентирал „рамка“, која може да биде употребена за да се најде решение. Изворите од грчкото МНР, на кои се повикува весникот, изразиле оптимизам дека предлогот што ќе го донесе Нимиц на следниот состанок ќе го задоволи барањето на Грција за решение кои ќе содржи географска одредница.
Домашните аналитичари, пак, порачуваат Македонија да продолжи конструктивно да се однесува, иако не очекуваат значителен напредок во преговорите, пред сè и поради внатрешно-политичката криза во која се наоѓа моментално земјава.
Во вакви услови, сè додека во Македонија не се средат состојбите не ќе може да се донесе ваква крупна одлука и надежта дека може да се направи брза зделка со оние кои сега целосно ја контролираат власта, ќе се покаже нереална, велат дел од експертите.