Достапни линкови

Трите главни пречки на македонскиот пат кон ЕУ


И покрај сегашната економска криза, Европската унија ќе продолжи да го шири своето членство иако побавно и поселективно. Ова се наведува во анализата на агенцијата Стратфор во која се додава дека влезот во Унијата останува важна цел на надворешната политика пред се на земјите од Западен Балкан. Сепак, ендемските инстутуционални и политички пречки и натаму ќе ги усложнуваат нивните напори за членство.

Освен тоа, во анализата на Стратфор се констатира дека натамошни компликации на плановите за пристап на земјите од Западен Балкан претставува фактот што Европската унија едноставно нема толку голем стратегиски интерес за нив каков што го имаше за другите земји кои влегоа во Унијата во претходните неколку периоди на проширување. Притоа се спомнува периодот меѓу 2004 и 2007 година кога Унијата скоро го дуплира членството.

Проширувањето би можело да продолжи доколку заинтересираните земји, пред се оние од Западен Балкан, ги имплементираат неопходните реформи, што не е лесна работа со оглед на нивните ендемски проблеми.

Европската унија верува дека проширувањето кон Западен Балкан ќе му донесе на тој регион политичка стабилност и економски можности.

Во декември Советот на Европската унија утврди дека пристапните преговори би можело да почнат до средината на оваа година. Сепак, Македонија по се изгледа ќе стане членка на Европската унија пред крајот на оваа деценија.
анализа на Стратфор.
И покрај тоа што процесот е крајно комплексен поради бројни територијални, етнички и политички прашања, три држави веќе добија кандидатски статус: Македонија, Србија и Црна Гора.

Потсетувајќи дека Македонија аплицираше за членство во 2004 година и оти една година потоа го доби статусот кандидат, Стратфор посочува три главни пречки на Македонија кон Европската унија.

Најпрвин е политичкиот и етничкиот конфликт во земјата. Постојат тензии меѓу етничките Македонци кои се околу 75 насто од популацијата и етничките Албанци. Меѓу двете групи често избувнува насилство.

Во меѓувреме, постојаните заткулисни битки меѓу македонските политички партии го спречуваат имплементирањето на економските и институционални реформи.

Втората пречка, како што наведува Стратфор, е статусот на владеењето на правото, вклучувајќи ја корупцијата, како и институционалните нерегуларности. Брисел ги идентификува овие прашања како клучни проблеми кои треба да бидат решени пред земјата да стане членка на Унијата.

Третата пречка е дипломатскиот спор со Грција која е членка на НАТО и Европската унија. Атина верува дека употребата на името Македонија ќе му овозможи на Скопје да бара дел од грчката територија со исто име. Згора на тоа Бугарија се закани дека ќе го блокира пристапот на Македонија, наведувајќи дискриминација на бугарското малцинство во таа земја.

Во декември Советот на Европската унија утврди дека пристапните преговори би можело да почнат до средината на оваа година. Сепак, Македонија по се изгледа ќе стане членка на Европската унија пред крајот на оваа деценија, се наведува во анализата на Стартфор во која се заклучува дека така ќе биде и со другите земји од Западен Балкан.

Како причини за тоа ги наведува: недостигот на вистински стратегиски интерес за прием на овие земји кои имаат мали економии и кои и онака се опколени со членки на ЕУ и НАТО, како и политичката поделба во самата Унија која и пречи на секоја желба за натамошно проширување.

Од друга страна, сегашната криза донекаде ја прави Унијата помалку атрактивна за потенцијалните членки кои се повеќе ќе се двоумат за спроведување на реформите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG