Достапни линкови

Филе дискретно ја смирува политичката криза


Архивска фотографија - Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски, 17 септември 2012
Архивска фотографија - Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски, 17 септември 2012

Од Владата велат дека се воделе разговори за евро-агендата во контекст на пролетниот извештај на ЕК и за бојкотот на опозицијата при што изразиле конструктивност за надминување на предизвиците.

Партиите молчат по вчерашните средби со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не соопштија детали за тоа со какви предлози или барања пристигнал Филе во Скопје. Во Владата накусо рекоа дека се воделе разговори за евроагендата во контекст на пролетниот извештај на ЕК и за бојкотот на опозицијата при што изразиле конструктивност за надминување на предизвиците. Од опозициската СДСМ нема ни трага ни глас по вчерашните разговори.
Претпоставувам дека доколку овој месец или наредниот се утврди дека има некој напредок во преговорите за името дека тоа апсолутно ќе влијае на позитивниот извештај и препораката за преговори.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Со таквото однесување на двете најголеми партии по ненајавената посета на Филе се отвора прашањето дали на маса е ставена сериозна идеја за деблокада на евроатлантската интеграција, односно решавање на спорот за името, поради што Филе директно се вклучува во смирување на политичката криза која настана во земјава.

Професор Димитар Мирчев смета дека зачестените средби на преговарачите со медијаторот Метју Нимиц како и посетите на претставниците на ЕУ во земјата укажуваат на позитивни сигнали во изнаоѓањето на решение за спорот со името.
Затоа што тоа очигледно станува најтежок услов во овој период до нивниот извештај во јуни за напредокот на Македонија, поточно предуслов за главниот услов предлогот за името. Ако имате толку длабоко поделено општество, држава, политика, блокирани институции, секако дека не можете дека не можете да влезете во посериозно решавање на спрот со Грција.
Стево Пендаровски, универзитетски професор.

„Претпоставувам дека доколку овој месец или наредниот се утврди дека има некој напредок во преговорите за името дека тоа апсолутно ќе влијае на позитивниот извештај и препораката за преговори.“

Мирчев претпоставува дека комесарот Филе сондира мислења околу политичките настани во Македонија и дека веројатно се обидел да ја омекне малку ригидноста на некои од учесниците во тие настани.

Од друга страна, пак, професор Стево Пендаровски, член на Советот на НАТО-интеграции на СДСМ, вели дека не може да види дека во Скопје и Атина има волја да се прифати предлог за решавање на спорот за името.

„Колку што може да се разбере од медиумските извештаи, предлог на Нимиц постои, презентиран е уште претходниот пат на преговарачите, но не можам да видам дека во Атина и во Скопје се има политичка волја да се одговори барем како платформа за понатамошни преговори на овој предлог што е сега во оптек. Значи Нимиц е активен, меѓународната заедница е активна, но тие од свои причини немаат други механизми за притисок, освен да ве посетуваат и да разговараат со вас.“

Пендаровски додава дека е логичен интересот на ЕК за политичката криза во Македонија.

„Затоа што тоа очигледно станува најтежок услов во овој период до нивниот извештај во јуни за напредокот на Македонија, поточно предуслов за главниот услов предлогот за името. Ако имате толку длабоко поделено општество, држава, политика, блокирани институции, секако дека не можете дека не можете да влезете во посериозно решавање на спрот со Грција. “

Мирчев додава дека не очекува за брзо време да се изнајде решение, но има сигнали за прогрес во разговорите за спорот.

Во меѓувреме грчките медиуми пишуваат дека шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос и преседателот на ПАСОК Евангелос Венизелос вчера разговарале за новата иницијатива на медијаторот Метју Нимиц и за потребата да се адаптира надворешната политика на новите услови обликувани од кризата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG