Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, на која ќе се обидат да изнајдат решенија за политичката криза и за учество на опозицијата на претстојните избори. На средбата присуствуваат и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров и пратеникот Јани Макрадули. Средбата се одржува на иницијатива на премиерот Груевски, кој вчера упати покана до Црвенковски.
Лидерската средба за некои од аналитичарите е само формалност, а за други почеток за изнаоѓање на заеднички договор.
За опозицијата единствен излез од кризата е распишување на предвремени фер и демократски парламентарни избори. За власта единствено прифатливо е локалните избори да бидат под засилен мониторинг на странските набљудувачи во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и со целосно прочистен избирачки список.
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека средбата е параван и замaчкување на очите на јавноста.
„Ние не можеме самите да донесеме ниту одлука, ниту договор, ниту некој сака да отстапи во интерес на државата. Последните две децении, од осамостојувањето имаме една многу убава ситуација, тактика која ја користат политичарите наречена микадо, нема мрдање од ситуацијата затоа што било какво помрднување ќе се смета за губење на чекорот на тој што го прави.“
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека средбата ќе биде почеток на смирување на реториката, но не верува дека Груевски и Црвенковски ќе дојдат со усогласени ставови и по сите меѓусебни препукувања не е возможно веднаш да се дојде до решение.
„Верувам дека ќе одат по таа класичната, за формирање на некои работни или преговарачки тимови кои ќе бидат во редовна комуникација за да може да де дојде со заеднички прифатлив договор. Верувам дека денешната средба е добар знак за почеток на понормална комуникација. А за решението верувам дека двете страни сигурно имаат некава идеја кај може себе си да се најдат со другата страна и не мерувам дека се толку различни позициите.“
Муслиу додава дека ќе мора да се расчистат случувањата на 24 декември можноста за враќање во Парламентот на опозицијата и дали ќе има или не предвремени парламентарни избори.
„Сигурно во нивните партиски штабови имаат развиено стратегии до каде можат да одат, бидејќи минатата недела веќе беше јасно дека тие бетонирани позиции кои ги имаа двете страни полека попуштаат.“
Според Стојадиновиќ партиите не се способни сами да излезат од кризата, поради преголемите ега и амбиции.
„Без влијание од надвор, без влијание од САД и од ЕУ ние не сме способни да седнеме на маса и да решиме заедни сами едне проблем.“
Според нив резултат ќе биде постигнат не само поради нивните заложувања, туку поради притисокот од надвор.

Ние не можеме самите да донесеме ниту одлука, ниту договор, ниту некој сака да отстапи во интерес на државата. Последните две децении, од осамостојувањето имаме една многу убава ситуација, тактика која ја користат политичарите наречена микадо, нема мрдање од ситуацијата затоа што било какво помрднување ќе се смета за губење на чекорот на тој што го прави.
Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.
За опозицијата единствен излез од кризата е распишување на предвремени фер и демократски парламентарни избори. За власта единствено прифатливо е локалните избори да бидат под засилен мониторинг на странските набљудувачи во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и со целосно прочистен избирачки список.
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека средбата е параван и замaчкување на очите на јавноста.
„Ние не можеме самите да донесеме ниту одлука, ниту договор, ниту некој сака да отстапи во интерес на државата. Последните две децении, од осамостојувањето имаме една многу убава ситуација, тактика која ја користат политичарите наречена микадо, нема мрдање од ситуацијата затоа што било какво помрднување ќе се смета за губење на чекорот на тој што го прави.“
Верувам дека ќе одат по таа класичната, за формирање на некои работни или преговарачки тимови кои ќе бидат во редовна комуникација за да може да де дојде со заеднички прифатлив договор. Верувам дека денешната средба е добар знак за почеток на понормална комуникација.Алберт Муслиу, политички аналитичар.