Достапни линкови

Опозицијата бара информации за името


Медијаторот Нимиц во Њујорк ги продолжува разговорите за името, а властите во Скопје и Атина молчат за текот на разговорите. Опозициите во двете земји реагираат на таквиот молк.

Во Њујорк денеска продолжува соочувањето на двете страни во спорот со информациите кои медијаторот Нимиц веќе ги прибра на вчерашните одвоени средби. На домашен терен пак владее неусогласеност, неконзистенстност и недоволна информираност околу текот на разговорите, предлозите и идеите кои се на маса а околу кои засега само се шпекулира. Најчестото објаснување за тоа е дека се се должи на чувствителноста на прашањето и крајниот интерес за државата.
Се разбира дека еден дел од тие теми може да се задржи во дискреција, меѓутоа никој во македонската јавност, освен во вмровската вршушка да не е информиран за ова чувствително, важно, болно прашање за Република Македонија, тоа е несериозно, посериозно би било јас да коментирам нешто што не го знаеме.
Радмила Шеќеринска, СДСМ.

Опозициите во двете земји, како во Скопје, така и во Атина, реагираат на молкот на властите во врска со текот на разговорите. Ниту околу какви предлози се разговара ниту до каде се ниту кој е ставот на македонскта влада околу тие предлози, реагираше вчера Радмила Шеќеринска од СДСМ.

„Се разбира дека еден дел од тие теми може да се задржи во дискреција, меѓутоа никој во македонската јавност, освен во вмровската вршушка да не е информиран за ова чувствително, важно, болно прашање за Република Македонија, тоа е несериозно, посериозно би било јас да коментирам нешто што не го знаеме.“

Со ваквата состојба опозицијата во Македонија веќе подолго време го објаснува своето однесување околу спорот. Тоа што нема јасен став ниту јасна партиципација во изградбата на државниот консензус. Расположени сме за внатрешен договор и постигнување консензус но како би го направиле тоа без основни информации, велат многу пати до сега од СДСМ. Истовремено, од другата страна, грчките владини ставови ја имаат јасната поддршка на опозицијата во таа земја.
Не треба да има двојни ставови по ова прашање, мора и власта и опозицијата да имаат единствен став, а за да биде така, треба да има активно учество на опозицијата во сето ова.
Никола Дујоски, универзитетски професор.

Факт е дека власта во Македнија има повеќе информации и дека тие мора да ги сподели со опозицијата и јавноста зошто одлуката не може и не би смеела да ја донесе самата, посочува професор Никола Дујоски.

„Се затоа што власта нема мандат сама да го реши прашањето, ова е национално прашање, во ова треба сите да учествуваме и на крајот веројатно така и ќе заврши, меѓутоа очекувам дек атогаш кога ќе бидат создадени услови, а тоа мора да се случи што поскоро, граѓаните мора да бидат информирани и опозицијата да се согласи со тоа. Не треба да има двојни ставови по ова прашање, мора и власта и опозицијата да имаат единствен став, а за да биде така, треба да има активно учество на опозицијата во сето ова. “

Премиерот Груевски во своите изјави и натаму повторува дека на повидок не е никакво конечно компромисно. Во недостиг на подетални информации по последните раздвижувања и активнопсти на медијаторот Нимиц шпекулациите речиси едногласно говорат дека постојат притисоци договорот да се движи кон името Северна Македонија. Македонските власти официјално сеуште стојат на намерата за кое и да е можно компрмисно решение да се изјаснат и граѓаните на референдум.
XS
SM
MD
LG