Достапни линкови

Концесионерите не се откажуваат од своите плажи


.
.

Старите концесионери на плажите во Охрид велат дека нема да дозволат некој друг да управува со плажите во кои вложиле илјадиници евра. На новиот оглас се јавиле само дел од досегашните концесионери.

Дел од петнаесетте охридски плажи треба да добијат нови концесионери. Денес се одржа електронското јавно надавање за нивно издавање под закуп. Досегашните концесионери со плажите на потегот од Горица до Пештани, повикувајќи се на старите договори, бараат истите да им бидат продолжени. Велат дека така лесно нема да дозволат некој да биде газда на плажите во кој во изминативе години вложиле многу пари.
На сите им е јасно како изгледаа претходно плажите. На нас досега не ни се има исплатено инвестицијата. Како го замислуваат тоа од транспорт и врски на готово да дојдат луѓе и да влезат на плажите не ми е јасно.
Виолета Јанеска, концесионер на плажа.

„Можам да кажам дека секоја плажа на потегот од Горица до Пештани има само месец дена работа. Ни беа направени огромни штени од поплавите во 2010 година а, никој не ни помогна“, рече Перко Петрески концесионер на плажа број 9 Лагадин.
Концесионери на плажи во Охрид.
Концесионери на плажи во Охрид.

„На сите им е јасно како изгледаа претходно плажите. На нас досега не ни се има исплатено инвестицијата. Како го замислуваат тоа од транспорт и врски на готово да дојдат луѓе и да влезат на плажите не ми е јасно“, вели Виолета Јанеска концесионер на плажа број 10 Лагадин.
Каде се парите што ни ветија дека ќе ни ги вратат за тоа што носевме струја, вода? Зарем не е доволно што во Охрид направивиме елитини плажи. И како не третираат нас за разлика од оние во Струга и Дојран? Мислам дека ќе издејствуваме средба со министерот.
Илија Џепароски, концесионер на плажа.

Тие го повикуваат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и покрај се да дојде во Охрид на заедничка средба со цел надминување на проблемите.

„Каде се парите што ни ветија дека ќе ни ги вратат за тоа што носевме струја, вода? Зарем не е доволно што во Охрид направивиме елитини плажи. И како не третираат нас за разлика од оние во Струга и Дојран? Мислам дека ќе издејствуваме средба со министерот“, рече Илија Џепароски досегашен концесионер на плажата Корали.

Љупчо Нечкоски досегашен концесионер вели дека за нив биле неприфатливи и новите услови кои државата ги поставила како што се банкарска гаранција од еден милион денари.

„Сега истите плажи до 2007 година на потегот од Горица 3 до Елешец се извадени плус 25.000 квадрати плус. Вака изгегува дека имаме повеќе од 2,5 километри нови плажи. Ако во 2007 година парцелата била 2.000 квадрати сега е 4.000. Горица трета била 3.500 квадрати сега е 7.000. Со Охрид многу игри се играат. Ако вашата плажа некој друг ја добие ќе барате да ви ги врати парите? Секако ако сака да продолжи да работи на истите објекти“, рече Нечковски.

Согласно утврдените услови од страна на Министерството за транспорт и врски, плажите треба да бидат уредени со сите потребни содржини предвидени со современите туристички стандарди. Согласно насоките и упатствата за уредување на плажите, меѓу другото закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите.

„Ова не е фер не само кон концесионерите, туку и кон градот Охрид. Моќта е во централната власт и таа за плажите одлучи како што одлучи“, обвини охридскиот градоначалник Петрески.

Ресорниот министер Миле Јанакиески неодамна изјави дека доколку некоја од плажите не биде издадена под закуп, таа ќе остане слободна за користење односно никој нема да може со неа да стопанисува.
XS
SM
MD
LG