Охридското Езеро есенва е со изразено намалено ниво, што се гледа со голо око на крајбрежјето каде излегоа нови плажи, а на градскиот кеј се појави забележителен каменест дел кај мостот пред хотелот Палас. Упатените во проблематиката со езерскиот водостој велат дека состојбата не е алармантна, се работи за појава типична по летниот сушен период,
но дека свое влијание има и човечкиот фактор со регулирање на нивото преку испуштање на водата со отворање на портите кај истекот на реката Црн Дрим во Струга и дека со зголемување на дождовите и подземните води, се очекува нивото на езерото во наредниов период да расте.
„Во овој период од годината, можам да кажам дека е природна појава, поради тоа што нема дождови. Не е само нивото на езерото намалено, може сега и портите на Дрим се отворени, а може да се види што се случува и со Билјанините Извори, каде приливот на вода е доста намален во споредба со други периоди.
Сепак, ова е природна појава, што нема некое значајно влијание врз живиот свет во езерото, затоа што тоа не е некоја голема разлика. Се надеваме сега со временските прилики и врнежите од дожд дека нивото на езерото ќе се врати и дека тоа ќе се регулира“, вели доктор Ленче Локоска од Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Според неа, ниското ниво на езерото сега е повидливо споредено со
високиот водостој во летниот период. Ова е појава на природна флуктуација на езерото и таа не е повеќе изразена од минатите години, кога вододстојот бил и далеку понизок, оценуваат стручњаците.
„Се додека не се направи меѓународен, заеднички план за управување со басенот на реката Дрим, во кој ќе се земат во вид еколошките и енергетските капацитети, што ги има овој басен, се дотогаш Охридското Езеро ќе биде подложно покрај на природните и на човечките фактори, кои ќе влијаат врз неговото ниво. Затоа ние влеговме во еден процес, наречен "Дримски дијалог", којшто ќе прерасне во "Дримски проект", во кој учествуваат петте земји кои се наоѓаат во басенот на реката Дрим“, вели Дејан Паноски од одделението за управување со басенот на реката Дрим.
Тој најавува дека наскоро во Тирана, министрите на Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора и ќе потпишат договор за заедничка визија, за реализација на проекти за заштита на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадараско Езеро и реката Црн Дрим, со заедничка стратегија за користење на водите во Дримскиот басен и трите езера. Поради промена на хидролошките услови, според експертите, неопходно е ревидирање на минималната и максимално дозволената езерска кота, востановени пред половина век меѓу Македонија и Албанија, каде водата на езерото, кое не е акумулација, туку природен капацитет, се користи за производство на електрична енергија.
Паноски смета дека изразеното намалување или зголемување на нивото на Охридското Езеро, што предизвикува и дневни политички проблеми, бара елиминирање на човечкиот фактор воден од енергетските потреби, и склучување нов договор меѓу сите земји, кој ќе се занимава покрај со управувањето и заштитата на овој редок природен ресурс и со нивото на Охридското Езеро, како истек на реката Дрим. Реални ефекти од овие иницијативи и проекти, во кои треба да се вклучат централната и локалните власти, науката и невладиниот сектор, се очекуваат во наредниве пет години.
Ова е природна појава, што нема некое значајно влијание врз живиот свет во езерото, затоа што тоа не е некоја голема разлика. Се надеваме сега со временските прилики и врнежите од дожд дека нивото на езерото ќе се врати и дека тоа ќе се регулира.Ленче Локоска, Хидробиолошки институт Охрид.
но дека свое влијание има и човечкиот фактор со регулирање на нивото преку испуштање на водата со отворање на портите кај истекот на реката Црн Дрим во Струга и дека со зголемување на дождовите и подземните води, се очекува нивото на езерото во наредниов период да расте.
„Во овој период од годината, можам да кажам дека е природна појава, поради тоа што нема дождови. Не е само нивото на езерото намалено, може сега и портите на Дрим се отворени, а може да се види што се случува и со Билјанините Извори, каде приливот на вода е доста намален во споредба со други периоди.
Сепак, ова е природна појава, што нема некое значајно влијание врз живиот свет во езерото, затоа што тоа не е некоја голема разлика. Се надеваме сега со временските прилики и врнежите од дожд дека нивото на езерото ќе се врати и дека тоа ќе се регулира“, вели доктор Ленче Локоска од Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Според неа, ниското ниво на езерото сега е повидливо споредено со
Се додека не се направи меѓународен, заеднички план за управување со басенот на реката Дрим, во кој ќе се земат во вид еколошките и енергетските капацитети, што ги има овој басен, се дотогаш Охридското Езеро ќе биде подложно покрај на природните и на човечките фактори.Дејан Паноски, Одделение за управување со басенот на реката Дрим.