Достапни линкови

Охрид без марина за пловните објекти


Каналот Студенчишта
Каналот Студенчишта

Охрид се уште нема марина каде би се чувале пловните објекти, кои засега го користат каналот Студенчишта кај Билјанини Извори.

Во Охридското Езеро, според евиденцијата на Охридската капетанија, моментално оперираат 1050 пловни објекти, од кои 341 се скутери, 440 се глисери, 270 чамци и три бродови, од кои два се со капацитет од 150 и еден за 80 патници. Охридската бела флота која лани не пловеше, поради
Неопходно е и за Охрид и за Струга, што важи и за Преспанско и Дојранско Езеро, да се изградат инфраструктурни објекти на вода, односно марини. Со тоа би имало и подобра контрола врз пловните објекти и поголем степен на безбедност за нивно чување.
немање сертификати, сега ги има потребните документи и според надлежните служби во капетанијата, таа е безбедна за пловење. Во езерото од неодамна може да се види и брод амбуланта на Црвениот крст, што деновиве интервенираше по инцидентот со палењето на глисер од експлозија на мотор кај Елешец, кој лесно повредените патници ги пренесе до службите за медицинска помош и охридските болници.

Безбедноста на пловидбата во Охридското Езеро, посебно беше актуелизирана по бродоломот на Илинден, кога пред околу две години, по неговото потонување животите ги загубија 15 бугарски туристи.

„Претходното лето беа извршени 40-тина контроли на вода и констатирани беа девет прекршители, против кои беа поднесени прекршочни пријави. Ова лето во 21 ден се извршени осум контроли, и констатирани се три прекршоци, кои најчесто се однесуваат на управување без уверение за пловидба, а дел од пловилата се движат на помало растојание од брегот од пропишаното“, вели Љупчо Настоски, капетан на Охридската капетанија на пристаништата.


За разлика од порано, сега има и инспектор за контрола на ватрешната пловидба, што ги следи и скутерите за кои важи забраната за пловидба од 11 до 18 часот.

Она што недостасува во Охридското Езеро е марина за чување на пловните објекти, чиј број расте, каде тие би се чувале во летниот и зимскиот период, би биле безбедни, заштитети и опремени со гориво и друго.

„Неопходно е и за Охрид и за Струга, што важи и за Преспанско и Дојранско Езеро, да се изградат инфраструктурни објекти на вода, односно марини. Со тоа би имало и подобра контрола врз пловните објекти и поголем степен на безбедност за нивно чување. Единствен зимовник за чување на пловилата во Охрид е Студенчишката Река или популарно кажано каналот Билјанини Извори. Има некои согледувања во локалната самоуправа дека градба на марина е предвидена во месноста Грашница, односно кај градската плажа“, вели капетанот Настовски.

Од општината информираат дека во план е изградба на езерска марина, чија локација треба да биде опфатена со деталниот урбанистички план, за што се потребни документи со согласност од државните институции. Марината, за чија изградба одлука треба да донесе градскиот совет, и која би чинела милиони евра, што веројатно би се обезбедиле со странски инвестиции и со проект на јавно приватно партнерство, е неопходна за туристички центар како Охрид.
XS
SM
MD
LG