Од 2004-та година наваму, од кога Охридското Езеро нема концесионер за стопанисување и риболовот е целосно забранет, Хидробиолошкиот институт со вештачки мрест и порибување се грижи за заштита и обновување на загрозената oхридска пастрмка, ендемичен вид риба, по која е препознатлив Охрид во светот. Од друга страна, рибокрадството цвета, пастрмката се продава на црниот пазар по илјада денари за килограм, а во рестораните низ државава се служи и до 2.500 денари за килограм.
„Вкупно беа собрани 1 милион 650 илјади зрна икра, односно оплодени рипчиња годинава, од кои езерото веќе го порибивме со милион единки одгледани околу пет месеци, се прихранувани и оплодувани од јануари досега. Имаме за пуштање уште 680 илјади од помладокот на Охридската пастрмка“, вели Гоце Костовски, директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Според него, риболовот на црно на македонска и албанска страна од езерото е најголем атак врз пастрмката и причина за нејзино загрозување и истребување.
„Овој вид на риба многу слаб прираст има, зашто и се потребни седум години за да израсне еден килограм. Од вегетативна да премине во репродуктивна фаза, потребни и се минимум четири години. Тоа е причината за нејзиното бавно обновување во Охридското Езеро. Многу млади генерации риби несозреани да остават потомство, кои се во репродуктивна фаза, се ловат од рибокрадците кај нас и во албанскиот дел од езерото“, вели Костовски.
„Тоа е организиран криминал, затоа што и така делува, во спрега се неколку институции, надлежните министерства, езерската полиција, судот и други. Не може да се извадат од езерото 2.000 мрежи, а да нема ниту една пријава поднесена или ниту еден пријавен килограм риба. Од страна на езерската полиција се извадени од езерото 1.440 мрежи, а се поднесени само осум кривични пријави и 350 килограми риба. Тие мрежи во едно клопче да се пуштат ќе фатат повеќе риба. Тоа кажува дека нешто не штима, многу пријави се враќаат, и сето тоа можам да го дефинирам со два збора, а тоа е организиран криминал“, вели Радован Димитриевски, претседател на спортскиот риболовен клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид.
„Рибата, според нашите сознанија, дури е на граница дека не може да се обнови. Затоа ние предлагаме и веќе десет години се залагаме да се формира рибарска полиција, како што има шумска полиција којашто ќе биде понапредна, обучена, ќе има и пловни средства и ќе може да се справи со рибокрадците,кои се повеќе и повеќе земаат замав. Дневно никој не го контролира езерото и рибата се лови кај Градиште, Трпејца, Калишта, тоа го гарантирам. Има двајца инспектори за земјоделство, шумарство и водостопанство во Охрид, кои тврдам дека не се излезени на терен, има двајца во Струга кои немаат пловен објект, а има само неколку рибочувари“, вели Димитриевски.
Во името на 16 илјади спортски риболовци, кои поради забраната останаа на суво, Димитриевски предлага:
„Бараме да се направи студија колку би била дозволената количина на излов на охридските пастрмка и белвица, кои не би пречеле на рибниот фонд, кои би се продавале во ексклузивните ресторан, кои тоа би го добиле на тендер. Не може пастрмката секаде да ја има, како сега во Струмица и Скопје, само во Охрид ја нема. Во разговорите, сопствениците на рестораните велат дека секогаш во Охрид се доаѓало на риба, што е бренд и имиџ на градот, а сега луѓето одат на риба во Скопје или во Албанија. Така да, хаос е невиден.“
Страствениот риболовец Димитриевски најавува дека за состојбата со рибниот фонд во Охридското Езеро ќе ги алармира и меѓународните институции и еколошки движења и дека во Охрид ќе се подигне споменик на пастрмката, да потсетува на криминалните состојби кои ја уништија.
Вкупно беа собрани 1 милион 650 илјади зрна икра, односно оплодени рипчиња годинава, од кои езерото веќе го порибивме со милион единки.Гоце Костовски, директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид.
„Вкупно беа собрани 1 милион 650 илјади зрна икра, односно оплодени рипчиња годинава, од кои езерото веќе го порибивме со милион единки одгледани околу пет месеци, се прихранувани и оплодувани од јануари досега. Имаме за пуштање уште 680 илјади од помладокот на Охридската пастрмка“, вели Гоце Костовски, директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Според него, риболовот на црно на македонска и албанска страна од езерото е најголем атак врз пастрмката и причина за нејзино загрозување и истребување.
„Овој вид на риба многу слаб прираст има, зашто и се потребни седум години за да израсне еден килограм. Од вегетативна да премине во репродуктивна фаза, потребни и се минимум четири години. Тоа е причината за нејзиното бавно обновување во Охридското Езеро. Многу млади генерации риби несозреани да остават потомство, кои се во репродуктивна фаза, се ловат од рибокрадците кај нас и во албанскиот дел од езерото“, вели Костовски.
„Тоа е организиран криминал, затоа што и така делува, во спрега се неколку институции, надлежните министерства, езерската полиција, судот и други. Не може да се извадат од езерото 2.000 мрежи, а да нема ниту една пријава поднесена или ниту еден пријавен килограм риба. Од страна на езерската полиција се извадени од езерото 1.440 мрежи, а се поднесени само осум кривични пријави и 350 килограми риба. Тие мрежи во едно клопче да се пуштат ќе фатат повеќе риба. Тоа кажува дека нешто не штима, многу пријави се враќаат, и сето тоа можам да го дефинирам со два збора, а тоа е организиран криминал“, вели Радован Димитриевски, претседател на спортскиот риболовен клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид.
Тоа е организиран криминал, затоа што и така делува, во спрега се неколку институции, надлежните министерства, езерската полиција, судот и други. Не може да се извадат од езерото 2.000 мрежи, а да нема ниту една пријава.Радован Димитриевски, претседател на спортскиот риболовен клуб „Свети Апостол Петар“.