Ова порибување е сосема незначително во споредба со потребите што ги има езерото, бидејќи поради немање на концесионер езерото повеќе години не се порибува во согласност со програмата за порибување. Со цел јагулата да не исчезне од Охридското и Дебарското езеро по изградбата на неколкуте брани во седумдесетите години по течението на реката Црн Дрим кога беше пресечен природниот пат на јагулата до Јадранското Море, ЕЛЕМ врши со својата Програма порибување со јагула на двете езера, вели директорот на Хидроцентралата ,,Шпилје“ кај Дебар, Љупчо Ангеловски.
,,ЕЛЕМ има обврска годишно да изврши порибување со јагула на Охридското Езеро со 750 килограми, и со просечна тежина од 25 до 30 грама, од кои 30 килограми се фрлаат во Дебарското Езеро. Станува збор за активност која има за цел да се помогне во заштитата на рибниот фонд во езерото“, нагласува директорот Ангеловски.
Но, факт е дека последните години во Дебарско Езеро се помалку има риба. Планираното порибување не се извршува бидејќи нема средства и концесионер на езерото, а рибокрадците се се побројни, објаснува државниот инспектор и началник во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во Дебар, Лири Делиши.
„Секоја година ЕЛЕМ има задолжение да врши порибување со јагула. Ова произлегува од програмата за порибување со јагула на езерата, по прекинување на природниот пат на јагулата. Кога ХЕЦ „Шпилје“ беше концесионер на езерото во Дебар годишно се фрлаа и по 50 илјади парчиња јагула, но тоа сега не се случува бидејќи нема концесионер веќе две години, па повеќе од шест години нема соодветно порибување. Дебарско Езеро има прекрасни услови за богат рибен фонд особено со радичка пастрмка, крап, караш и други риби.“
Инспекторот Делиши подвлекува дека цели две години нема концесионер. Порано за концесија требаше само една Петогодишна програма, но сега условите за концесија се други. Концесионерот, правно лице, јавно претпријатие, но и физичко лице, треба да има 30 илјади евра.
Досегашните концесионери на езерото по ЕЛЕМ односно ХЕЦ „Шпилје“, а тоа се спортско-риболовното здружение „Трофта“ и еколошкото здружение „Дешат“, нагласуваат дека тие не се во можност финасиски да бараат целосно стопанисување со езерото, но додаваат дека имаат доставено барање за концесија за спортски риболов.
Инаку засега нема информација дали ЕЛЕМ е заинтересиран за добивање на концесијата. Моментално, во согласност со законот, поради немање на концесионер, со Дебарско Езеро менаџира Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на Македонија.
ЕЛЕМ има обврска годишно да изврши порибување со јагула на Охридското езеро со 750 килограми, и со просечна тежина од 25 до 30 грама, од кои 30 килограми се фрлаат во Дебарското Езеро.
,,ЕЛЕМ има обврска годишно да изврши порибување со јагула на Охридското Езеро со 750 килограми, и со просечна тежина од 25 до 30 грама, од кои 30 килограми се фрлаат во Дебарското Езеро. Станува збор за активност која има за цел да се помогне во заштитата на рибниот фонд во езерото“, нагласува директорот Ангеловски.
Но, факт е дека последните години во Дебарско Езеро се помалку има риба. Планираното порибување не се извршува бидејќи нема средства и концесионер на езерото, а рибокрадците се се побројни, објаснува државниот инспектор и началник во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во Дебар, Лири Делиши.
„Секоја година ЕЛЕМ има задолжение да врши порибување со јагула. Ова произлегува од програмата за порибување со јагула на езерата, по прекинување на природниот пат на јагулата. Кога ХЕЦ „Шпилје“ беше концесионер на езерото во Дебар годишно се фрлаа и по 50 илјади парчиња јагула, но тоа сега не се случува бидејќи нема концесионер веќе две години, па повеќе од шест години нема соодветно порибување. Дебарско Езеро има прекрасни услови за богат рибен фонд особено со радичка пастрмка, крап, караш и други риби.“
Дебарско езеро има прекрасни услови за богат рибен фонд особено со радичка пастрмка, крап, караш и други риби.