Во рамките на манифестацијата „Реканско културно лето“, општина Маврово-Ростуше во соработка со невладината организација „Рекански Бисери“ покрај другите активности пред голем број на присутни љубители на природата и јадењата од регионот, земјава, но и од странство, промовираше планиска патека, а над 40-тина домаќинки од Долна Река учествуваа на Питијадата. За локалната власт
манифестацијата нашироко ги промовира природните убавини, но и традиционалните јадења на овој убав регион на нашава земја.
„Реканското културно лето преставува една манифестација од повеќе култиурни настани кои се случуваат во општина Маврово Ростуше, со кои фактички се промовираат убавините на нашиот регион, односно Мавровскиот, Реканскиот и Мијачкиот регион. Централен настан е изборот на најдобрата Реканска пита, потоа имаме бројни кино претстави по селата, имаме театарски престави, имаме натпревари во мушичарски риболов во организација на националниот парк Маврово, пешачки тури на планините. Со овие активности ги промовираме и убавините на водопадите во Дуф, езерото во Локов, неколкуте убави пештери, но тука се и културниете богатства, манастирот „Свети Јован Бигорски“, џамијата во селото Ростуше која е изградена пред неколку векови и други убавини“, нагласи градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.
Во селото Јанче масовно беше учеството на жените од Река кои учествуваа на Питијадата. Една од учесничките на оваа манифестација вели:
„Во Река пред се жените подготвуваат домашни јадења. Тоа се традиционални и стари јадења. На пример овде се подготвуваат секогаш јадењата - ораник, лаландики и пита. Тоа се главни јадења. Потоа се подготвуваат пченканите пити, мазниците. И младите оваа традиција ја чуваат. Тие знаат да подготвуваат и тие покажуваат голем интерес за да
подготвуваат традиционални јадења.“
На оваа манифестација е промовирана и планинската патека во должина од три километри од Ростушки мост до селото Јанче.
Тефик Тефиковски преставник на невладиниот сектор, но и познат бизнисмен во угостителството, оценува дека патеката наголемо ќе влијае позитивно во развојот на планинскиот и селскиот туризам.
„Преку оваа патека сите оние кои ќе доаѓаат ќе сретнат најбитно луѓе од овие простори бидејќи селата се блиску, потоа имаат можност да сретнат животни, шумски плодови, разни чаеви. Со оваа патека и селото Јанче добива во својот развој. Оваа е село со бројни убавини, стари куќи, интересна архитектура, тука е Радика, но и другите природни убавини.“
Тефиковски додава дека патеката е битна за доаѓање на бројни туристи од другите регионот на Македонија, но и на странски туристи.
Централен настан е изборот на најдобрата Реканска пита, потоа имаме бројни кино претстави по селата, имаме театарски престави, имаме натпревари во мушичарски риболов во организација на националниот парк Маврово, пешачки тури на планините
манифестацијата нашироко ги промовира природните убавини, но и традиционалните јадења на овој убав регион на нашава земја.
„Реканското културно лето преставува една манифестација од повеќе култиурни настани кои се случуваат во општина Маврово Ростуше, со кои фактички се промовираат убавините на нашиот регион, односно Мавровскиот, Реканскиот и Мијачкиот регион. Централен настан е изборот на најдобрата Реканска пита, потоа имаме бројни кино претстави по селата, имаме театарски престави, имаме натпревари во мушичарски риболов во организација на националниот парк Маврово, пешачки тури на планините. Со овие активности ги промовираме и убавините на водопадите во Дуф, езерото во Локов, неколкуте убави пештери, но тука се и културниете богатства, манастирот „Свети Јован Бигорски“, џамијата во селото Ростуше која е изградена пред неколку векови и други убавини“, нагласи градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.
Во селото Јанче масовно беше учеството на жените од Река кои учествуваа на Питијадата. Една од учесничките на оваа манифестација вели:
„Во Река пред се жените подготвуваат домашни јадења. Тоа се традиционални и стари јадења. На пример овде се подготвуваат секогаш јадењата - ораник, лаландики и пита. Тоа се главни јадења. Потоа се подготвуваат пченканите пити, мазниците. И младите оваа традиција ја чуваат. Тие знаат да подготвуваат и тие покажуваат голем интерес за да
Преку оваа патека сите оние кои ќе доаѓаат ќе сретнат најбитно луѓе од овие простори бидејќи селата се блиску, потоа имаат можност да сретнат животни, шумски плодови, разни чаеви. Со оваа патека и селото Јанче добива во својот развој.