Меѓу големиот број на македонски иселеници во Турција, кои по потекло се од реканскиот регион, се зголемува интересот за инвестиции во Република Македонија, а посебно во општината Маврово-Ростуше, од каде што потекнуваат нивните предци.
Претставници на Турско-Македонските здруженија од градовите Измир и Маниса за време на нивниот престој во Ростуше, административниот центар на општина Маврово-Ростуше, го потврдија интересот за инвестирање, но воедно нагласија дека македонските дипломати во Турција треба да имаат почести контакти со иселениците бизнисмени, заради давање на дополнителни информации за инвестирање во
Македонија.
„Иселениците кои имаат капитал сакаат да инвестираат во Македонија и да изградат погони и производствени фабрики. Истото се однесува и за развојот на трговијата, не само тие да пласираат производи во Македонија, туку и вие од Македонија да пласирате производи во Турција“, вели Мафиз Чичек претставник на Турско-Македонското здружение на македонските иселеници од градот Маниса.
Претседателот на здружението на македонскиете иселеници во градот Измир, Шабан Јапрак, додава дека потребата од поголеми контакти на македонските дипломати во Турција со иселениците се неоходни за позабрзани активности за инвестирање на иселениците:
„Еден голем проблем е тоа што во Измир, Република Македонија нема постојано лице (дипломат) или конзул со кого редовно иселениците би контактирале. Конзулот доаѓа само еднаш или пак двапати годишно.“
Општината Маврово-Ростуше верува дека инвестициите на
иселениците се многу битни за развојот на општината. Градоначалникот Мукрем Мехмеди смета на овие инвестиции кои гарантираат позабрзан развој, заради што создава и услови за привлекување на инвестиции.
„Има добра заинтересираност на нашите иселеници кои се во странство, а со тоа и во Турција, кои се успешни во својот бизнис, да градат производствени погони и фабрики. Ние како општина им излегуваме во пресрет на таквите заинтересирани бизнисмени, во смисла на понуди на атрактивно градежно земјиште со цел да има развој на општината, а со тоа и да се отваруаат нови работни места и заживување на економијата“, нагласува Мехмеди.
Над 20-тина бизнисмени иселеници од Република Турција според претставниците на здруженијата на нашите иселеници најавуваат инвестиции во општините Маврово-Ростуше, Центар Жупа и Дебар.

Еден голем проблем е тоа што во Измир, Република Македонија нема постојано лице (дипломат) или конзул со кого редовно иселениците би контактирале. Конзулот доаѓа само еднаш или пак двапати годишно.
Македонија.
„Иселениците кои имаат капитал сакаат да инвестираат во Македонија и да изградат погони и производствени фабрики. Истото се однесува и за развојот на трговијата, не само тие да пласираат производи во Македонија, туку и вие од Македонија да пласирате производи во Турција“, вели Мафиз Чичек претставник на Турско-Македонското здружение на македонските иселеници од градот Маниса.
Претседателот на здружението на македонскиете иселеници во градот Измир, Шабан Јапрак, додава дека потребата од поголеми контакти на македонските дипломати во Турција со иселениците се неоходни за позабрзани активности за инвестирање на иселениците:
„Еден голем проблем е тоа што во Измир, Република Македонија нема постојано лице (дипломат) или конзул со кого редовно иселениците би контактирале. Конзулот доаѓа само еднаш или пак двапати годишно.“
Општината Маврово-Ростуше верува дека инвестициите на
Има добра заинтересираност на нашите иселеници кои се во странство, а со тоа и во Турција, кои се успешни во својот бизнис, да градат производствени погони и фабрики.