Меѓу стоте илјади Македонски иселеници во Мелбурн и уште двестоте илјади во Сиднеј и низ цела Австралија, слаб е интересот за инвестирање во Македонија, а речиси и никаков за враќање за живот повторно во татковината. И оние што сакаат заработените долари во втората татковина да ги вложат во својата родна земја, ги пишмани лошата бизнис клима и нестабилноста на земјава.
,,Тешко е човек да може да се искорени од овде сега и да се врати во Македонија. Но денес светот е едно село, така да може лесно да се патува, да имаме бизниси и во Австралија и во Македонија, зошто да не? Јас би почнал некој бизнис кој би бил Австралиско-Македонски. Меѓутоа искрено да кажам ме разочарува тоа што Македонија еве после 20 години од осамостојувањето сеуште се смета како млада држава, а не е млада, 20 години е голем историски период, особено сега во ова модерно време, така што земјата мораше да е постабилна од тоа што е сега."
Вели Борис Трајков, македонски бизнисмен во Австралија, кој има свои локали и ресторани во Мелбурн и Сиднеј, кој реагира на честите политички промени кои ги диктираат економските движења, што раѓа недоверба и несигурност кај потенцијалните инвеститори, како и на делбите меѓу нашите иселеници, кои се рефлектираат врз животот во заедницата и бизнис и другите релациите со матичната земја.
,,Односот на државата односно политичарите од таа држава кон иселеништовото, што сакаат да го делат политички, негативно влијае врз Македонските бизнисимени од Австралија да имаат доверба да можат да инвестираат таму. Ако ја поддржувам сегашната власт ќеинвестирам во Македонија, но ќе се чувстувам несигурен доколку таа се промени. Таков луксуз еден бизнисмен од Австралија не може да си дозволи. Така што, мора без разлика која партија е на власт, односот кон иселениците да биде поинаков, со грижа за иселеништвото,што ќе и се врати на државата. И така Македонија денес добива доста од ислениците, повеќе како туристички долар, би добивала и како индустриски долар, доколку имаме поголема доверба во стабилноста на државата и во нејзините односи кон нас."
Вели Трајков, кој како и повеќето иселеници реагира на системската несреденост и слабото функционирање на законите во Македонија, што се важен предуслов за влез на нивните инвестиции. Македонските иселеници кои на најдалечниот континет бележат високи успеси во нивните бизниси, за што добиваат награди и признанија, најчесто со татковината соработуваат во трговијата, агенцискиот бизнис и трансакциите со пари. Додека тие чекаат подобри времиња, посебно оние кои од Македонија заминале пред повеќе децении или побегнале од транзицијата и егзисетенцијалните проблеми неодамна, останува срцето и душата да им е кај татковите корени, а среќата и благосостојбата во животот да ги брааат во Австралија.
Меѓутоа искрено да кажам ме разочарува тоа што Македонија еве после 20 години од осамостојувањето сеуште се смета како млада држава, а не е млада, 20 години е голем историски период
,,Тешко е човек да може да се искорени од овде сега и да се врати во Македонија. Но денес светот е едно село, така да може лесно да се патува, да имаме бизниси и во Австралија и во Македонија, зошто да не? Јас би почнал некој бизнис кој би бил Австралиско-Македонски. Меѓутоа искрено да кажам ме разочарува тоа што Македонија еве после 20 години од осамостојувањето сеуште се смета како млада држава, а не е млада, 20 години е голем историски период, особено сега во ова модерно време, така што земјата мораше да е постабилна од тоа што е сега."
Вели Борис Трајков, македонски бизнисмен во Австралија, кој има свои локали и ресторани во Мелбурн и Сиднеј, кој реагира на честите политички промени кои ги диктираат економските движења, што раѓа недоверба и несигурност кај потенцијалните инвеститори, како и на делбите меѓу нашите иселеници, кои се рефлектираат врз животот во заедницата и бизнис и другите релациите со матичната земја.
,,Односот на државата односно политичарите од таа држава кон иселеништовото, што сакаат да го делат политички, негативно влијае врз Македонските бизнисимени од Австралија да имаат доверба да можат да инвестираат таму. Ако ја поддржувам сегашната власт ќе
Односот на државата односно политичарите од таа држава кон иселеништовото, што сакаат да го делат политички, негативно влијае врз Македонските бизнисимени од Австралија