Достапни линкови

Иселениците се враќаат во Река


Поглед на општината Маврово-Ростуше
Поглед на општината Маврово-Ростуше

Локалната самоуправа на општината Маврово-Ростуше започна ревитализација на неколку села, што придонесе за враќање на привите иселеници кои во 50-тите години заминаа за Турција.

Општина Маврово-Ростуше посветува внимание посветува на ревитализацијата на некои селски населби, кои педесетите години целосно беа испразнети поради иселувањето на населението во Република Турција.
Со подобрувањето на инфраструктурата убавите рекански селa, според програмата на локалната власт се очекува да привлече голем број на иселеници од овој крај кои денес живеат во Турцијa да изградат свои домови. Интерес особено има кај постарата генерација која третото доба сака да го помине во својот роден крај.
Прво семејство кои се врати од иселеништво и кое изгради своја куќа во реканското село Болетин е семејството Џумерт кое по иселувањето од Река живеело над педесет години во Турција во градот Маниса. 75- годишниот Ирфан со силни емоции раскажува за иселувањето, но и за желбата да се врати во својот роден крај по пет декади:
Од Река заминав во 1959 година. Беше 27 април кога се најдов на граница во Турција. Замина целата наша фамилија. Таму живеевме, но постојано мислевме на нашиот роден крај. Многу сум задоволен што се вратив во мојот роден крај. Мојот син овде изгради куќа, овде ми е добро


,,Од Река заминав во 1959 година. Беше 27 април кога се најдов на граница во Турција. Замина целата наша фамилија. Таму живеевме, но постојано мислевме на нашиот роден крај. Многу сум задоволен што се вратив во мојот роден крај. Мојот син овде изгради куќа, овде ми е добро."

Вели Ирфан. Неговиот син Џеват во градот Маниса пред 15 години го формираше здружението на Македонските иселеници. Тој е првиот иселеник кој доби македонско државјанство, но е и првиот човек меѓу иселениците кој е повратик во родниот крај.

,,Дванаесет години бев претседател на здружението на македонските иселеници во Маниса. Јас сум роден овде во Река и имав само пет години кога заминав во Турција. Таму живеев цели 50 години, но секогаш мислите ми беа овде во родниот крај. Селото Болетин имало 78 куќи и целосно се испразнило."

нагласува Џеват. Тој го поздравува чекорот на локалните власти на општината Маврово-Ростуше за ревитализација на селата кои биле испразнети и подобрување на инфраструктурата.

,,Благодарност на Владата што јас добив државјанство и пасош, со моето семејство и неколку други семејства на иселеници во Турција. Но, потоа законот се промени. Има многу барања за државјанства од страна на иселениците. Воедно има потреба повторно да се даваат државјанства. Има најави на уште 20- тина семејства кои ќе се вратат во својот роден крај во Река од Турција."
нагласува Џеват.
Според локалните власти во општина Маврово-Ростуше, покрај враќањето на повеќе иселеници од Турција, интерес за изградба на станбени објекти во некогаш напуштените села имаат и реканци кои живеат во Гостивар, Тетово и Скопје.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG