Достапни линкови

„Маврово тур“ за промоција на мавровскиот регион


Маврово тур 2011
Маврово тур 2011

По трет пат се одржа манифестацијата ,,Маврово Тур 2011“ која претставува традиционален рекреативен настан со цел промоција на мавровските убавини.

Оваа туристичка активност што ја организираат општина Маврово – Ростуше, Националниот Парк „Маврово“ и Холандската Амбасада во Република Македонија и годинава привлече голем број љубители на природата и рекреацијата кои имаа можност со велосипеди, но и пеш да уживаат во прекрасната природа на поширокиот Мавровски регион.
Има две маратонски тури со велосипеди кон Лазарополе и Галичник и две тури пеш по одредени патеки на планината Бистра.

,,Оваа Тура е дел од туристичката понуда од календарот на настаните на општина Маврово-Ростуше со цел да се привлечат што повеќе туристи. Оваа година манифестацијата е збогатена со повеќе активности. Има две маратонски тури со велосипеди кон Лазарополе и Галичник и две тури пеш по одредени патеки на планината Бистра. Учесниците имаа можност да ги видат прекрасните убавини во овој регион“, истакна градоначалникот на општината Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.

Радика

Тој објаснува дека овие настани се мошне ефикасни за промовирањето на убавините на општината Маврово Ростуше, на Националниот парк „Маврово“, но и на Република Македонија во целина. Тој додаде дека видно се зголемува и интересот на странските туристички оператори за доаѓање на странски туристи на оваа манифестација.

,,Од година во година се зголемува бројот на посетителите на овие настани, а веќе наскоро се очекува и присуство на туристи од Холандија на
За прв пат сум овде на овој настан. Навистина е убаво. Овде има што да се види. Масовноста е голема, интересни се велосипедистите, но интересно е и да се пешачи. Ќе дојдам и наредната година.
вакви и слични туристички настани во Mавровскиот регион.“

И овој пат, на манифестацијата Мавровска тура голем беше бројот на рекреативците од нашава земја кои за прв пат беа учесници на овој рекреативен туристички настан.

,,За прв пат сум овде на овој настан. Навистина е убаво. Овде има што да се види. Масовноста е голема, интересни се велосипедистите, но интересно е и да се пешачи. Ќе дојдам и наредната година“, вели еден од учесниците.

Во промовирањето на рекреативните можности што ги нуди Маврово особено значење имаат и туристичките водичи, потоа Туристичкиот Информативен Центар како и бројните туристички активности што ги има редовно националниот парк Маврово.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG