Достапни линкови

Порибување на Радика и Мавровското езеро


Река
Река

Националниот парк ,,Маврово,, втора година по ред презема активности за порибување на водите кои се на територијата на овој парк. Цел на оваа петгодишна активност е збогатување на рибниот фонд на Мавровското езеро и реката Радика исклучиво поточна Пастрмка.

Националниот парк ,,Маврово,, втора година по ред презема активности за порибување на водите кои се на територијата на овој парк. Цел на оваа петгодишна активност предвидена со спогодбата за деловна и техничка соработка на паркот со Институтот за сточарство на Република Македонија е збогатување на рибниот фонд на Мавровското езеро и реката Радика исклучиво со автохтона поточна Пастрмка.

,,Согласно годишната програма на Националниот парк Маврово втора година по ред вршиме порибување на Мавровско езеро и Радика со притоките. Спогодбата што ја имаме потпишано со Институтот за сточарство веќе две години вршеме порибување на територијата на националниот парк Маврово. Сега ќе пуштиме 15 илјади парчиња подмладок на Радичка поточна пастрмка која е десет месечен подмладок од мрестилиштето Шум од Струга,,
Согласно годишната програма на Националниот парк Маврово втора година по ред вршиме порибување на Мавровско езеро и Радика со притоките


ни изјави за време на активностите за порибување покрај Реката Радика, директорот на националниот парк Маврово Онер Јакупоски. Директорот на паркот најави и формирање на посебна зона за риболов за домашни и странски туристи, слична на ВИП зоните за риболов во некои западно Европски земји.

,,Според динамиката и предвидените активности на националниот парк порибувањата ќе се вршат и наредните три години, а тоа значи пет години порибување на водите на територијата во паркот го збогатуваме рибниот фонд за да во догледна иднина да формираме една ВИП зона која ќе се стави на располагање на домашни и странски туристи по системот ,,фрли – фати,, со што сакаме да покажеме дека на територијата на националниот парк Маврово владее еден подруг режим за риболов, а тоа е дозволувањето на исклучиво спортски риболов,,.

Националниот парк Маврово особено внимание посветува со својата чуварска Ренџерска служба околу заштитата на дивечот во паркот, а во тој контекст И на заштитата на езерото и реката Радика од рибокрадци. Директорот Јакуповски вели дека Паркот има посебен сектор за заштита во кој се ангажирани 18 ренџери за заштитан а рибниот фонд на езерото и Радика со притоките. За разлика од минатата година има многу помал број на рибокрадци. Лани беа одземнени од рибокрадци над 5ооо метри мрежа, а годинава само 3оо метри мрежа за риболов. Тоа дава за право да ја јакнеме оваа служба, подвлекува директорот на паркот и додава дека оценка е дека имаме драстично намалување на бројот на рибокрадците. Во Управата на овој наш национален парк велат дека оваа година видно е зголемен и бројот на странски туристи кои ги посетуваат секојдневно убавините на овој парк.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG