Достапни линкови

Радичката пастрмка изумира


Рибниот фонд во Дебарско Eзеро е се посиромашен, а автохтоната Радичка пастрмка е во опаност од Калифорниската пастрмка, која се одгледува во рибниците кои се во близина на езерото.

Ова го тврдат експерти кои подвлекуваат дека намалувањето на рибниот фонд во езерото е резултат на нередовното, односно непримената на планот за порибување.
Последните две години не е фрлен подмладок риби во езерото, а требаше да бидат фрлени околу 400 илјади парчиња автохтона пастрмка, потоа крап и
јагула.


„Концесионерите на Дебарско езеро меѓу кои е и СРД ,,Трофта" не го реализираат петгодишниот план за порибување на езерото. Последните две години не е фрлен подмладок риби во езерото, а требаше да бидат фрлени околу 400 илјади парчиња автохтона пастрмка, потоа крап и јагула“, вели државниот инспектор по рибарство, водостопанство, земјоделие и шумарство Лири Делиши.

Инспекторот Делиши подвлекува дека по бројните инспекции направени на езерото стои дека езерото се соочува со два проблема.


„Првиот е загадувањето на езерото од неработењето на колекторот, но исто така загадувањето од реките кои се влеваат во водите на езерото, а кои немаат чиста вода. Оваа состојба влијае негативно врз рибниот фонд.“

Како втор проблем е опасноста што доаѓа за автохтоната Радичка пастрмка од Калифорниската пастрмка која се огледува во бројните рибници кои се во близина на езерото. Има голема потреба од следење на состојбата на рибниците и контролирање на нивните излезни отвори, вели државниот инспектор Лири Делиши. Дебарско Езеро има мошне квалитетна флора која е битна за опстанокот на фауната. Досегашните концесионери на езерото поради немање на соодветни средства, се определија порибувањето да се врши само по природен пат, заради што е забранет и стопанскиот риболов.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG