Дебарските еколошки здруженија реагираат на ваквата состојба и укажуваат дека животната средина веќе има големи проблеми. Одржани се повеќе средби на еколошките здруженија со учество и на преставници на локалните институции, при што е побарано да се преземаат конкретни активности. Здружението Трофта смета дека проблеми во однос на загадувањето на езерото создава и нередовното работење на колекторот на Охридското Езеро.
„Загадувањето на езерото во основа доаѓа од реките Радика и Црн Дрим. Со водите на реката Радика во езерото се влеваат пласитични шишиња и друг смет. Особено лош е впечатокот во делот на езерото каде што се влева Радика, а тоа е кај Косоврашки мост. Втор загадувач на езерото е реката Црн Дрим, која го загадува езерото поради, на моменти, неработење на колекторот на Охридското Езеро во Струга“, вели претседателот на здружението Трофта, Фатмир Даци.
Даци информира дека во наредните денови ќе се преземаат акции за расчистување на пластичниот смет. Тој додава дека неопходни се активности за да се спречи загадувањето на езерото, кое во летниот период се користи и за капење .
„Со заштита на езерото од натамошното загадување, сакаме да го заштитиме и рибниот фонд на езерото, но исто така и да создадеме услови, езерото во текот на летото да се користи и за капење.“
Невладиниот сектор, во соработка со локалната власт на Дебар, со цел да го заштити езерото од натамошно загадување, веќе има изготвено Студија за третирање на отпадните води, подвлекува претседателот на еколошкото друштво Дешат, Фатмир Алили:
„Ние врз основа на Студијата што е изработена за Третирањето на отпадните води во овој регион, подготвивме низа проекти кои се во фаза на очекување на нивна реализација. Еден од проектите кој е готов и чека реализација е проектот за собирање и третирање на пластичните шишиња кои доаѓаат преку Радика.“
Невладиниот сектор од Дебар веќе покрена барање за мониторирање на работата на колекторот на Охридското Езеро во Струга, во однос на тврдењата дали Колекторот има прекини во неговото функционирање и колку тој влијае врз загадувањето на Дебарското Езеро.
Загадувањето на езерото во основа доаѓа од реките Радика и Црн Дрим. Со водите на реката Радика во езерото се влеваат пласитични шишиња и друг смет. Особено лош е впечатокот во делот на езерото каде што се влева Радика, а тоа е кај Косоврашки мост.
„Загадувањето на езерото во основа доаѓа од реките Радика и Црн Дрим. Со водите на реката Радика во езерото се влеваат пласитични шишиња и друг смет. Особено лош е впечатокот во делот на езерото каде што се влева Радика, а тоа е кај Косоврашки мост. Втор загадувач на езерото е реката Црн Дрим, која го загадува езерото поради, на моменти, неработење на колекторот на Охридското Езеро во Струга“, вели претседателот на здружението Трофта, Фатмир Даци.
Даци информира дека во наредните денови ќе се преземаат акции за расчистување на пластичниот смет. Тој додава дека неопходни се активности за да се спречи загадувањето на езерото, кое во летниот период се користи и за капење .
„Со заштита на езерото од натамошното загадување, сакаме да го заштитиме и рибниот фонд на езерото, но исто така и да создадеме услови, езерото во текот на летото да се користи и за капење.“
Невладиниот сектор, во соработка со локалната власт на Дебар, со цел да го заштити езерото од натамошно загадување, веќе има изготвено Студија за третирање на отпадните води, подвлекува претседателот на еколошкото друштво Дешат, Фатмир Алили:
Сакаме да го заштитиме и рибниот фонд на езерото но исто така и да создадеме услови езерото во текот на летото да се користи и за капење.