Достапни линкови

НВО секторот активен во Дебарскиот крај


Невладините организации во Дебарскиот крај имаат особена заслуга во еманципацијата на жената од регионот, но и во подобрувањето на соживотот. Програмите на НВО ,,Радика" помогнаа да се зголеми бројот на женски деца кои го продолжуваат школувањето, а се решаваат и повеќе други проблеми со кои се соочуваат жените.


Невладниот сектор во регионот на Река во општина Маврово Ростуше има особена заслуга во однос на еманципацијата на жената, но и во насока на подобрувањето на животот во овој печалбарски крај. Организацијата на жените ,,Радика,, има особена заслуга. ,,Радика,, е единствено здружение на жени кое има реализирано бројни проекти за подобар живот во поширокиот западен регион од нашава земја, вели претседателката Азиза Асановска.

,,Цел е еманципацијата на жените од регионот на Река, како и регионите на Дебар и дел на Срушко. Ние помагаме тие да се вклучат во општествениот живот.,,

вели Асановска. Според неа има бројни активности во сферата на образованието, вработувањето, превентивното третирање на

Цел е еманципацијата на жените од регионот на Река, како и регионите на Дебар и дел на Срушко. Ние помагаме тие да се вклучат во општествениот живот
проблемите со малолетничките бракови, трговијата со луѓе, трговијата со деца и економскиот опстанок на семејството. Оваа здружение оценува дека постигнат е добар успех во еманципацијата на жените од Река и видно е зголемен бројот на женските деца кои го продолжуваат школувањето. Асановска истакнува дека направен е чекор напред. Жените веќе ги следат збиднувањата, а младите се се повеќе во образовниот процес. Малолетничките бракови се се помалку, а расте бројот на оние кои го продолжуваат школувањето. Организацијата на жените ,,Радика,, особен придонес дава И во зачувувањето на соживотот во овој регион. Повеќе проекти на оваа невладина организација имаа за цел да го пренесат традиционалниот добар соживот на населението кое припаѓа на првославната и муслиманската конфесија.

,,Соживотот е обостран и не се чуствува разлика меѓу религиските основи. Тоа го докажавме и на една заедничка изложба на жените од двете религии,,

вели Елизабета Здравковска кординаторка на оваа НВО.
НВО ,,Радика,, во текот на летниот период кога во Долна река пристигнуваат голем број на печалбари и гости планира реализација и на уште неколу проекти кои имаат за цел да се презентирааат убавините на овој прекрасен регион пошироката јавност со што би се придонело и за развојот на селскиот туризам.


  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG