Достапни линкови

Дивите депонии минато за Центар Жупа


Општина Центар Жупа
Општина Центар Жупа

По многу години, општината Центар Жупа позната по природните убавини ќе биде исчистена од дивите депонии со организирано собирање на сметот.

Општина Центар Жупа која изобилува со бројни убавини, години наназад имаше големи проблеми со собирањето на сметот. Над 30-тина диви депонии не само што беа црна дамка на нејзинот изглед, туку тие создаваа и бројни здраствени проблеми на населението на оваа рурална општина која е распорттнанета на падините на планината Стогово и е во близина на Дебарското езеро. Новата локална власт за прв пат започна да врши организирано собирање на сметот преку локалното јавно претпријатие ,,Кале."
За прв пат во историјата на Жупа започна собирање на црвстиот отпад на организиран начин од страна на ЈКП,,Кале". Започна собирањето на сметот во вреќи кои потоа со возило се депонираат во одредена депонија. Но, наскоро ќе се постават и контејнери и помали корпи за собирање на сметот. Инаку до сега целата Жупа беше депонија


,,За прв пат во историјата на Жупа започна собирање на црвстиот отпад на организиран начин од страна на ЈКП,,Кале". Започна собирањето на сметот во вреќи кои потоа со возило се депонираат во одредена депонија. Но, наскоро ќе се постават и контејнери и помали корпи за собирање на сметот. Инаку до сега целата Жупа беше депонија."

вели директорот на ЈКП Кале од центар Жупа Мунир Бастри.
Според директорот Бастри конечно дивите депонии ќе бидат минато и целосно ке се заштити животната средина. Оваа општина изобилува со голем број на пасишта но и плодно обработливо земјиште, заради што животната средина е битна и истата има големи перспективи особено за развојот на сточарството. Се верува дека во развојот на општината битно ќе влијае и надминувањето на проблемите со водоснабдувањето. Изградбата на новиот водовод за Жупа од Лучишта за општината која до сега користеше вода само од регионалниот водовод Росоки – Мелнички мост – Центар Жупа ке се реѓи и проблемот со водоснабдувањето.

,,Со програмата за работа на ЈКП Кале ќе започне поставувањето на водомери за да се заштеди водата, значи нема да се наплатува паушал. Со оваа активност веруваме дека ке имаме доволно вода. Покрај тоа што користевме вода од водоводот Росоки, сега корисмете и вода од новиот водовод од Лучишта,кој е изграден со средства на Турската организација ТИКА за која се донирани 1,4 милиони евра. Засега не е извршен технки прием на водоводот а водата се користи само како техничка вода, и ситата не е за пиење."

вели директорот Бастри.
Со заштита на животната средина и решавањето на проблемот со водостанбдувањето се оценува дека ке се создадат добри услови за развој на оваа рурална општина чие население е во најголем број живее од печалбарење.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG