Достапни линкови

Алармантна загаденост кај каналот „Студенчишта“


Надлежните предупредуваат дека загаденоста на водата од Охридското Езеро кај каналот „Студенчишта“ е алармантна и претставува опасност за целото езеро.

Водата во Охридското Езеро на излезот на каналот Студенчишта кај трската на просторот кај Билјанини Извори, во централното подрачје на Охрид, на крајот од езерскиот кеј со најголема фрекфенција на граѓани, туристи, спортски риболовци, едриличари, луксузни глисери, скутери и чамци каде се чуваат пловните објекти, е загадена и според најновите
Од таа цевка којашто тврдат дека е од атмосферска канализација се излева фекална отпадна вода. За жал досега не е утврдено кои се тие диви приклучоци ако постојат такви, што се влеваат во атмосферската канализација и ја прават оваа вода небезбедна.

анализи таа е од петта класа, забранета за капење и рекреација, небезбедна за луѓето и опасна за еко системот и живиот свет во езерото.

„Од таа цевка којашто тврдат дека е од атмосферска канализација се излева фекална отпадна вода. За жал досега не е утврдено кои се тие „диви приклучоци“ ако постојат такви, што се влеваат во атмосферската канализација и ја прават оваа вода небезбедна, па истекот на водата од цевката да биде со ваква ниска класа, односно да биде органски загадена фекална отпадна вода“, вели Сашо Точков од охридскиот Центар за јавно здравје.

Според него, состојбата во каналот Студенчишта е алармантна како едно од главните жаришта на загадување и црни еко точки со најнизок квалитет на езерската вода, кои се опасност за целото езеро. Проблемот од пред неколку години им е познат на надлежните служби во јавното претпријатие Нискоградба, што одржува 120 километри фекална и 50 километри атмосферска канализација во Охрид и во летниот период кога доаѓа до преоптоварување на градот дневно има 30-тина интервенции во системите, од каде се вади секаков вид на отпад, дури кучиња и теписи од домаќинствата и масло од угоститеството. Последниот еко-инцидент бил предизвикан од нова хаварија на просторот од Охридска Банка, булеварот „Туристичка“ до Билјанините Извори, каде еден од трите регуларни изливи на атмосферска канализација во езерото е кај каналот Студенчишта.
Најдовме дефект на фекалната канализација на улица АСНОМ, кај такавиканата „Трафостаница 110“ кој беше веднаш отстранет, по што прекина излевањето на фекалната во атмосферската вода. Но, повторно има некој процент на отпад.

„Најдовме дефект на фекалната канализација на улица АСНОМ, кај такавиканата „Трафостаница 110“, кој беше веднаш отстранет, по што прекина излевањето на фекалната во атмосферската вода. Но повторно има некој процент на отпад во дотекот на атмосферската канализација, најверојатно или промивање на талогот направен во цевководите или има некој друг див приклучок“, вели Хусеин Ќато од општинското јавно претпријатие „Нискоградба“.

Тие алармираат на поголема свест и соработка на граѓаните да не дојде до нов застој и излевање на атмосферската канализација, од што најреволтирани се едриличарите и екологистите, според кои најновиот проблем е срам што Охрид не го заслужува.

„Ние работиме во центарот за едрење со два клуба и едриличарската федерација на Македонија и пред се деца. Може да биде нарушено здравјето на возрасните и на децата, затоа секојдневно влегуваме во тој дел од водата, за да можеме да излезиме во езерото на тренинг. Во пладневните часови смрдеата е неподнослива, реагираат и туристите кои со кајчиња одат до Билјанините Извори, како и сите други сопственици на пловните објекти. Стравуваме од болести и појава на некоја поголема зараза.“

„Сум доаѓал во Охрид повеќе пати, тука е прекрасно, а и ангажиран сум во заштита на животната средина на регионот. Многу тажен сум сега бидејќи токму овде уживаме во едрењето, а сега е многу загадено. Не само што Охрид е заштитен од Унеско, туку ова место е уникатно во светот. Не можам да разберам толку е лесно да се среди овој проблем и не смее да се дозволи овде да пливаат деца“, велат Стефчо Ставрески претседател на едриличарскиот клуб Бофор, сместен на излезот од каналот Студенчишта и Пол Фадо, странски турист, еколошки активист од Англија.
XS
SM
MD
LG