Со интересни групи и странци од Европа и Далечниот исток, Охрид го живее посезонскиот есенски период. Време е на рекапитулации и анализи, кои покажуваат дека годинашната летна туристичка сезона беше помалку посетана од претходните години. Тоа се должи на нискиот стандард кај нашите граѓани, паѓањето на визите за ЕУ, што Македонските како и Српските туристи ги пренасочи во Грција и Бугарија, а во Охрид останаа само вљубениците емотивно врзани за ривиерата.
,,Летниот шпиц оваа година беше многу послаб споредено со лани, но жално е што беше послаб дури и од 2001 година кога во земјава имаше воени дејствија. Причина за тоа е лошата промоција од страна на агенцијата за промоција и маркетинг во Србија и земјите во нашето опкружување, од каде изгубивме добар дел на гости, бидејќи ние не бевме активни, а тоа го искористија колегите од Бугарија,кои направија неколку промотивни активности и презентации во Србија и и повлекоа дел од овие гости. Истовремено домашниот пазар е запоставен во послените 15 години, кога маркетиншки не се правеа промоции низ Македонија. А знаеме дека во сите земји што се занимаваат со туризам, каде посетеноста на домашните гости е на 50 проценти, таму има стабилност во приходите во туризмот.“
Вели Дончо Танески, хотелиер од Охрид, претседател на ХОТАМ, кој смета дека цените не се причина за туристичкиот колабс на Охрид, бидејќи тие биле на исто или пониско ниво од оние во регионот. Според него за гостите добри потрошувачи пресудно што ги одвраќа од Охридската ривиера се комерцијалиизраните плажи, каде нема слободни места и е пребучно, како и тоа што цел Охрид стана дестинација на младите гости. Кои се клучните проблеми за слабата позиција на Охридскиот и Македонскиот туризам ?
,,Проблемот е во државата, во маркетингот, во промоцијата најнапред, а после во многу лошата инфраструктура. Ние немаме како да го донесеме гостинот во Охрид. Да тргнете од Софија до Охрид, потребни се шест часа,а од Софија до Солун се патува три часа.Тоа важи за копнен пат, а со железница е неизводливо да се стигне во Охрид. Со авион цените се прескапи, поголеми за три пати од оние за било која друга дестинација. Додека државата не го реши овој проблем, ние можеме само да сонуваме за квалитетни гости за добар туризам. А тоа не е во моќ на хотелиерите,ниту нивна работа. Сите околни држави тоа го решиле институционално. Има нискобуџетни авио-компании кои летаат за Тирана,Солун,Софија,Белград и Приштина, а не летаат само за Македонија. Значи, не може да е некој друг виновен, грешката е во нас. Во државата и во системот.“
Оценува Танески. За разлика од летната сезона, септември и октомври во Охрид донесоа голем број семинаристи и учесници на конгреси и повеќе странски групи кои се дел од комбинираните тури на културниот туризам низ регионов, што како пакет аранжмани не ги сработиле нашите, туку тур операторите од Хрватска, Албанија, Бугарија и други земји.
,,Летниот шпиц оваа година беше многу послаб споредено со лани, но жално е што беше послаб дури и од 2001 година кога во земјава имаше воени дејствија. Причина за тоа е лошата промоција од страна на агенцијата за промоција и маркетинг во Србија и земјите во
Летниот шпиц оваа година беше многу послаб споредено со лани, но жално е што беше послаб дури и од 2001 година кога во земјава имаше воени дејствија. Причина за тоа е лошата промоција од страна на агенцијата за промоција и маркетинг во Србија и земјите во нашето опкружување, од каде изгубивме добар дел на гости