Дебар и оваа зима има големи проблеми со водоснабдувањето. Овој проблем посебно го чувствуваат жителите на населбите каде што се станбените колективни објекти, но и централното градско подрачје.
Проблемот, раководството на ЈКП Стандард кое управува со водоводот Росоки – Дебар го посочува во големите технички загуби на водата во градската мрежа, а решението се гледа во обезбедениот детектор за откривање на дефектите, вели директорот на јавното претпријатие Мазлум Леши.
„Техничките загуби на водата во градот се над 40 отсто, бидејќи водоводната мрежа во Дебар е над 40 години стара. Од страна на градоначалникот добивме еден апарат детектор и веруваме дека со апаратот и екипата која сега е обучена за користење на детекторот, граѓаните ќе имаат 24 часа вода без прекини“, истакна директорот на ЈКП, Мазлум Леши.
Тој додава дека наскоро ќе има и еден проект исто така со локалната власт за санација на сите шахти во градот кои се вон употреба.
„Со годишната Програма на нашето претпријатие и Проектот на општина Дебар ќе санираме 30 приклучни и
главни водомерни шахти. Оваа активност ќе се реализира до крајот на годината“, нагласува Леши.
Водоводот, кој е изграден во осумдесетите години, бил предаден во употреба без технички прием поради дефекти на дел од главните шахти од изворите во селото Росоки па се до градот Дебар, истакнува директорот Леши.
„Податоците говорат дека водоводот Росоки - Дебар е пуштен во употреба без технички прием, бидејќи политиката во тоа време го правеше своето. Водоводот од изворот па се до резервоарот се одржува континуирано. Цевките на водоводот се ФИ 355 а тоа бара редовно одржување“, вели Леши.
Градоначалникот на Дебар Аргетим Фида смета дека со обезбедувањето на апаратот детектор конечно ќе се овозможи брзо отстранување на дефектите и ќе се спречува во најголем дел техничката загуба на водата.
„Општина Дебар во соработка со Југозападниот регион и Министерството за локална самоуправа по согледување на проблемот со техничките загуби на водата во Дебар лобиравме и сега веќе го имаме детекторот за откривање на губитоците на водата во градската мрежа. Овој детектор покрај ЈКП Стандард, Дебар ќе се користи и за потребите на ЈКП Кале во општина Центар Жупа. Загубите на водата во водоводот во Дебар се големи и тие изнесуваат над 40 насто, така што веруваме дека со детекторот и во најкритичните моменти водоснабдувањето ќе биде подобрено“, вели градоначалникот.
Инаку според моменталните состојби на изворите во Росоки, 150 литри во секунда се преземаат во водоводот кон Дебар, но поради техничките загуби, а во лето и големата злоупотреба на вода со наводнување на земјоделски површини во периферијата на градот, дебарчани години по ред се соочуваат со проблемот не само во летниот период туку и во текот на зимата.
Техничките загуби на водата во градот се над 40 отсто, бидејќи водоводната мрежа во Дебар е над 40 години стара. Од страна на градоначалникот добивме еден апарат детектор и веруваме дека со апаратот и екипата која сега е обучена за користење на детекторот, граѓаните ќе имаат 24 часа вода без прекини.Мазлум Леши, ЈКП Стандард.
Проблемот, раководството на ЈКП Стандард кое управува со водоводот Росоки – Дебар го посочува во големите технички загуби на водата во градската мрежа, а решението се гледа во обезбедениот детектор за откривање на дефектите, вели директорот на јавното претпријатие Мазлум Леши.
„Техничките загуби на водата во градот се над 40 отсто, бидејќи водоводната мрежа во Дебар е над 40 години стара. Од страна на градоначалникот добивме еден апарат детектор и веруваме дека со апаратот и екипата која сега е обучена за користење на детекторот, граѓаните ќе имаат 24 часа вода без прекини“, истакна директорот на ЈКП, Мазлум Леши.
Тој додава дека наскоро ќе има и еден проект исто така со локалната власт за санација на сите шахти во градот кои се вон употреба.
„Со годишната Програма на нашето претпријатие и Проектот на општина Дебар ќе санираме 30 приклучни и
Загубите на водата во водоводот во Дебар се големи и тие изнесуваат над 40 насто, така што веруваме дека со детекторот и во најкритичните моменти водоснабдувањето ќе биде подобрено.Аргетим Фида, градоначалник на Дебар.