Трајче Мечев живее во прилепската населба Подкули, на неколку стотини метри од резервоарите за вода. Со денови не протекла вода во чешмата во куќата. И на минус 16 степени, со торбите полни со шишиња за вода, чека во редица за да налее од цревото од резервоарот.
„Во денот идам преку пет пати шест, сигурно, еве вака во овие количини шишиња, тубичиња што ќе се најди, водата е преку потребна. За пиење ќе се снајдеш некако, меѓутоа водата е потребна за во купатилата најмногу вода се троши, посебно па кај што има деца мали, тоа е страшна работа“, вели Мечев.
Со него чекаат во редицата и Пецо Николоски и Стојна Ѓореска, вознемирени и загрижени за своето и здравјето на децата. Велат веќе не знаат како да ја одржуваат хигиената во домот, зашто вода протекува на неколку дена по неполн саат.
„Педесет саати немаме моментално, дојде само 15 минути и воопшто не се наполни инсталацијата. Ами како може без вода, еве смрдам ако осеќате. За Нова година немавме, за Божиќ немавме“, вели Николовски.
„И болест ќе си клајме и деца имаме и се, водата никаква е, мора нешто да се поправи“, реагира
Ѓореска.
Но, не само жителите на Подкули, критична е ситуацијата и во населбите Рид, Точила, Варош, Тризла, во сите високи зони од градот, а вода немаат ни жителите од повисоките катови во централното градско подрачје.
Од регионалнииот водовод „Студенчица“, велат дека оваа ситуација се должи на намалената издашност на изворот. Дека од просечните 600, Прилеп добива 100 литри вода во секунда, односно за 100 помалку од Кичево, и само 20-ина литри повеќе од Крушево, а е најголема општина со 80.000 жители. Од Студенчица велат дека „Водовод“ и Општината добиле од Владата 25 милиони денари за решавање на проблемот со водата во изминативе 2 години и не треба да има проблем.
„Десетте нови бунари во областа Бегова Ливада, тие се издупчени, зашахтени се, поврзани, досега во нив се вложени околу 25 милиони денари. А, за целосно да се активираат се потребни уште 50 милиони денари. Локалната самоуправа заедно со „Водовод и канализација“ аплициравме до Европска инвестициона банка“, вели директорот на „Водовод“ Сашо Николоски и додава дека ако не се дополнителните 100 литри од старите бунари, градот ќе остане практично без вода.
Прилепските социјалдемократи, пак, ја обвинуваат локалната власт и водоводното претпријатие за неодговорност, зашто се уште не е ставена во функција пречистителната станица изградена пред 8 години.
„Предлагаме веднаш со ребалансот на новиот буџет на Општина Прилеп, да се одвојат средства за активирање на пречистителната станица, како капитален проект во интерес на граѓаните на Општина Прилеп. Изгледате неодговорно и несериозно, ако единствената причина што не ја ставате во функција станицата е фактот, што истата е направена во времето кога СДСМ беше на чело на локалната самоуправа во Прилеп“, обвини Миле Талески, од општинската организација на СДСМ.
Во денот идам преку пет пати шест, сигурно, еве вака во овие количини шишиња, тубичиња што ќе се најди, водата е преку потребна. За пиење ќе се снајдеш некако, меѓутоа водата е потребна за во купатилата најмногу вода се троши, посебно па кај што има деца мали, тоа е страшна работа.Трајче Мечев, граѓанин на Прилеп.
„Во денот идам преку пет пати шест, сигурно, еве вака во овие количини шишиња, тубичиња што ќе се најди, водата е преку потребна. За пиење ќе се снајдеш некако, меѓутоа водата е потребна за во купатилата најмногу вода се троши, посебно па кај што има деца мали, тоа е страшна работа“, вели Мечев.
Со него чекаат во редицата и Пецо Николоски и Стојна Ѓореска, вознемирени и загрижени за своето и здравјето на децата. Велат веќе не знаат како да ја одржуваат хигиената во домот, зашто вода протекува на неколку дена по неполн саат.
„Педесет саати немаме моментално, дојде само 15 минути и воопшто не се наполни инсталацијата. Ами како може без вода, еве смрдам ако осеќате. За Нова година немавме, за Божиќ немавме“, вели Николовски.
„И болест ќе си клајме и деца имаме и се, водата никаква е, мора нешто да се поправи“, реагира
Педесет саати немаме моментално, дојде само 15 минути и воопшто не се наполни инсталацијата. Ами како може без вода, еве смрдам, ако осеќате.Пецо Николоски, жител на Прилеп.
Но, не само жителите на Подкули, критична е ситуацијата и во населбите Рид, Точила, Варош, Тризла, во сите високи зони од градот, а вода немаат ни жителите од повисоките катови во централното градско подрачје.
Од регионалнииот водовод „Студенчица“, велат дека оваа ситуација се должи на намалената издашност на изворот. Дека од просечните 600, Прилеп добива 100 литри вода во секунда, односно за 100 помалку од Кичево, и само 20-ина литри повеќе од Крушево, а е најголема општина со 80.000 жители. Од Студенчица велат дека „Водовод“ и Општината добиле од Владата 25 милиони денари за решавање на проблемот со водата во изминативе 2 години и не треба да има проблем.
Десетте нови бунари во областа Бегова Ливада, тие се издупчени, зашахтени се, поврзани, досега во нив се вложени околу 25 милиони денари. А, за целосно да се активираат се потребни уште 50 милиони денари.Сашо Николоски, директор на Водовод Прилеп.