Шеесетгодишната Елица Богојоска од кичевското село Вранештица, секој ден од утро до вечер се мачи за да ја одржи хигиената во домот. Иако селската чешма за наоѓа на 10-на метри од дворот од куќата, сепак таа мора по повеќе од 10 пати во денот да ги полни кантите со вода и да тура во машината за перење, да потура за да ги измие чиниите, за да го истрие купатилото, дворот... Претешко е вели за млада невеста, а не за неа. Но, најмногу се плаши за здравјето на своите внуци, зашто поради нечистата вода што ја пијат од чешмата тие се постојано болни.
„Се мачиме децата ни се болни, во Козле ги носиме на болница, во Кичево седат, дома не можат ниту да се исперат, ниту да се измијат, принудени се да бегаат во град“,вели Богојоска.
Водовод во селото има, но како што вели Цветан Спасеноски, веќе 7-8 години по изградбата не тече вода од славините.
„Вода немаме, системот значи не е направен 7-8 години. А, нашата секна.“
РСЕ: Колку пати во денот носите вода, помагате дома?
„Секаде, по цел ден. Чешмата, ќути ја поправивме, старата чешма, инаку вода капка немаме од водовод.“
И Младица Аргилоска и Даница Филипоска, многу се револтирани на оваа ситуација. Обвинуваат дека надлежните не се заинтересирани да се реши проблемот..
„Никој сметка не води, сами се бориме, еден појди сврти го вентилот, друг појди сврти го на друго место, по едно ронче ќе капне еднаш во неделата, ама кал тече.“
„Многу ми е далеку, над црквата седиме онаму, погоре, кој ќе појде, со шишиња ќе појде син ми кога ќе дојде од работа... ќе ги стави в торба, па ќе нацрпи од горната чешма.“
Градоначалникот на Општина Вранештица, Ванчо Србакоски за оваа состојба ги обвинува своите претходници кои го граделе водоводот пред 10- ина години. Тврди дека биле инсталирани цевки со несоодветна димензија за потребите на селото. Но, при секое обраќање до Министерството за транспорт и врски добива одговор дека од државата два пати не се трошат пари за иста намена.
„За потрошени и украдени пари, не дава државата пак пари, значи не е овде проблем државата, овде е проблемот што имало проект, имало пари, не се водело сметка како се работи, се потрошиле парите и нема вода.“
Вели градоначалникот Србакоски и додава дека и покрај ова Општината со сопствени средства за многу кусо време ќе го реши проблемот, за да се скратат маките особено на повозрасните жители кои цел живот влечат колички со вода, за да ги задоволат потребите.

Никој сметка не води, сами се бориме, еден појди сврти го вентилот, друг појди сврти го на друго место, по едно ронче ќе капне еднаш во неделата, ама кал тече.”
Жител на селото.