Достапни линкови

Прилеп во потрага по нови извори на вода


Зградата на претпријатието за водоснабдување во Прилеп.
Зградата на претпријатието за водоснабдување во Прилеп.

Студенчица останува незаменлив извор на водоснабдување во Прилеп, но долгорочно мора да се бараат дополнителни извори на вода за да се спречат кризите во водоснабдувањето.

Измина проектниот период на изворот Студенчица којшто со квалитетна вода за пиење снабдува 5 општини: Кичево, Македонски Брод, Крушево, Долнени и Прилеп. Издашноста на изворот беше варијабилна изминативе години, но како и досега Студенчица ќе остане незаменлив извор на водоснабдување на Прилеп.
Во таа студија се разгледани доводот од акумулацијата Стрежево, разгледувана е надградба на браната на Вештачкото езеро, кое моментално има капацитет од 6 милиони кубици, а со наградбата може да се зголеми двојно.
Сашо Николоски, директор на Водовод Прилеп.


Сепак, долгорочно мора да се бараат дополнителни извори на вода, за да се спречат водените кризи, кои добро ги паметат прилепчани, кога со цистерни полнеа шишиња, а водата што се прелеваше им се смрзнуваше на облеката и рацете, додека премрзнуваа во студените зими, жедни за капка чиста вода. Јавното претпријатие Водовод и канализација побара да се изработи физибилити студија со долгорочни решенија.

„Во таа студија се разгледани доводот од акумулацијата
Сашо Николоски, директор на Водовод Прилеп
Сашо Николоски, директор на Водовод Прилеп
Стрежево, разгледувана е надградба на браната на Вештачкото езеро, кое моментално има капацитет од 6 милиони кубици, а со наградбата може да се зголеми двојно“, вели директорот Сашо Николоски.

Тој додава дека експертите ги земаат предвид акумулациите Белица и Градешница во мариовскиот дел, како и
Да има доволно врнежи оваа зима, за да понатаму да немаме проблеми со водоснабдувањето од регионалниот водовод Студенчица.
Сашо Николоски, директор на Водовод Прилеп.
можностите за изградба на нови бунари околу реката Црна, кај Бучин и Тројкрсти. Според хидролошката карта на Македонија, околу реката Црна се проценува дека има големи количества квалитетна вода.

Експертите се на став дека во околината на Прилеп веќе не може да се ископуваат нови бунари. А, од Водовод потенцираат дека старите 17 бунари со издашност од 100 до 140 литри и лани го ублажуваа проблемот. А, треба да се обезбедат средства за доградба на новите 10 бунари.

„Тие се издупчени, се зашахтени, мрежата помеѓу нив е направена, направен е целосен проект, аплицирано е до проектот од Европска инвестициона банка за поставување на потисниот цевовод. Имаме најави дека проектот и апликацијата се успешно направени и мислам дека ќе биде еден од првите во Република Македонија, кој што ќе се реализира“, вели Николоски.

За овој проект се потребни околу 50 милиони денари, вели директорот Николоски, а дел средства ќе бидат обезбедени од локалниот и државниот буџет. А, има најави за донации од КФВ и други институции, затоа овој проект е дел од приоритетите на Водовод.

„Да има доволно врнежи оваа зима, за да понатаму да немаме проблеми со водоснабдувањето од регионалниот водовод Студенчица. Инаку во 2012 година започнува реконструкцијата на канализационата мрежа и пречистителната станица“, истакнува директорот Николоски.

Сите овие мерки на Водовод треба да овозможат перманентно подобрување на квалитетот на водоснабдувањето. Факт е дека и со просечен прилив на 220 литри вода во секунда од Студенчица и дополнителните 100 литри од старите бунари, кризата се ублажува. Се манифестираше само со редукции од по неколку часа дневно во високите зони од градот во периоди на екстремна суша.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG