Прилепчанецот Васил Ѓорѓиоски тврди дека е жртва на манипулациите на реонските инкасатори на прилепски „Водовод и канализација“, кои му натпишале околу 250 кубни метри вода, кои тој не ги потрошил. Наместо инкасаторите да бидат санкционирани, сега тој ги плаќа и судските такси, затоа што „Водовод“ го тужи за неплатени сметки, фактурирајќи му количества вода кои тој одамна ги платил.
„Водомерот кога се извади и си намести нов, увидов дека „Водовод“ наплатил 247 кубни метри вода, што не сме ја потрошиле. Јас тогаш реагирав, меѓутоа безуспешно. Еве дојде до суд“, реагира Ѓорѓиоски.
Овој човек се чувствува немоќен да ја извојува правдината. Манипулациите на инкасаторите биле откриени кога екипата на „Водовод“, која го вадела водомерот пред 4 години, ја утврдила моменталната состојба, која споредена со состојбата на тековните сметки ја покажала разликата од околу 250 кубни метри, количество вода, кое ги задоволува потребите на семејството за следните 2 до 3 години.
Надлежните во „Водовод“, како што вели Ѓорѓиоски, одлучиле да компензираат 150, но за останатите веќе платени количества вода инсистираат повторно да ги плаќа, со објаснување дека цената на водата сега е зголемена од 17 на 26 денари.
„Малку си трошел, ми велат. Ама не може тие да ми бидат газда на џебот, јас колку ќе потрошам, јас си водам сметка, гледам. Јас имам вода, бунар си пуштам, хидрофор си вадам надвор улица, ова-она, па перам од нејзе, а од „Водовод“ само за пиење ја употребувам.“
Од „Водовод“ ја признаваат грешката на инкасаторите. Но, велат дека случајот бил решен на најдобар можен начин. Велат дека Ѓорѓиоски не може сам да си врши компензација кога цената на водата е зголемена во овој период од 4 години. Тој одбивал да ги плати сметките, а „Водовод“ го тужи, па сега Ѓорѓиоски едолжник со правосилна судска пресуда, за одамна платени количества вода.
„Доколку му биле натпишани кубни метри вода или доколку постои некаква неправилност, Васил е должен да поведе постапка против „Водовод“ и да го докаже истото, во спротивно имаме правосилна-извршна судска пресуда која го докажува спротивното, дека Васил е во случајот должник кон Водовод“, изјави Александар Настески, раководител на правен сектор на прилепски „Водовод и канализација“.
Од претпријатието не кажуваат дали воопшто и какви мерки се преземаат против инкасаторите кои пишуваат паушални сметки, зашто факт е дека овој не е изолиран, единствен случај во Прилеп.
А, Ѓорѓиоски како совесен граѓанин кој редовно ги плаќа сметки, ќе го тужи „Водовод“ за да ја докаже правдината.
Малку си трошел, ми велат. Ама не може тие да ми бидат газда на џебот, јас колку ќе потрошам, јас си водам сметка, гледам. Јас имам вода, бунар си пуштам, хидрофор си вадам надвор улица, ова-она, па перам од нејзе, а од „Водовод“ само за пиење ја употребувам.
„Водомерот кога се извади и си намести нов, увидов дека „Водовод“ наплатил 247 кубни метри вода, што не сме ја потрошиле. Јас тогаш реагирав, меѓутоа безуспешно. Еве дојде до суд“, реагира Ѓорѓиоски.
Овој човек се чувствува немоќен да ја извојува правдината. Манипулациите на инкасаторите биле откриени кога екипата на „Водовод“, која го вадела водомерот пред 4 години, ја утврдила моменталната состојба, која споредена со состојбата на тековните сметки ја покажала разликата од околу 250 кубни метри, количество вода, кое ги задоволува потребите на семејството за следните 2 до 3 години.
Надлежните во „Водовод“, како што вели Ѓорѓиоски, одлучиле да компензираат 150, но за останатите веќе платени количества вода инсистираат повторно да ги плаќа, со објаснување дека цената на водата сега е зголемена од 17 на 26 денари.
„Малку си трошел, ми велат. Ама не може тие да ми бидат газда на џебот, јас колку ќе потрошам, јас си водам сметка, гледам. Јас имам вода, бунар си пуштам, хидрофор си вадам надвор улица, ова-она, па перам од нејзе, а од „Водовод“ само за пиење ја употребувам.“
Од „Водовод“ ја признаваат грешката на инкасаторите. Но, велат дека случајот бил решен на најдобар можен начин. Велат дека Ѓорѓиоски не може сам да си врши компензација кога цената на водата е зголемена во овој период од 4 години. Тој одбивал да ги плати сметките, а „Водовод“ го тужи, па сега Ѓорѓиоски е
Доколку му биле натпишани кубни метри вода или доколку постои некаква неправилност, Васил е должен да поведе постапка против „Водовод“ и да го докаже истото, во спротивно имаме правосилна-извршна судска пресуда која го докажува спротивното.