Во населбата Тризла во Прилеп се одлеваат по 50 литри во секунда, чиста, исправна вода за пиење, која неконтролирано тече по дворовите, по улиците во населбата, создавајќи мочуришта од кои се шири непријатен мирис, зашто жителите кои многу не се грижат за хигиената, тука фрлаат разни отпадоци. Но, за да го реши овој комунален проблем, прилепски Водовод и канализација, на сопствен трошок поставиле славини и водомери во куќите за да има контрола на загубите на вода од системот.
Меѓутоа дел граѓани на Тризла, каде што живее претежно население од ромска националност, како што тврдат од Водовод, ги извадиле славините, ги продале за да остварат минимална заработувачка, врз цевките монтирале црева, а сликата на каллива населба, каде бесцелно се трошат огромни количества квалитетна вода за пиење, се повторува.
„Не се работи дали ќе мериме, дали ќе потпише корисникот договор или ќе излезе сметка, зборуваме воопшто за негрижа кон водата. Пред се мора да се врши константно едукација на тоа население, дека водата е многу важна, бидејќи со тие 50 литри, ние можеме илустративно еден цел рид, да го снабдиме дневно со вода“, вели Сашо Николоски, директорот на јавното претпријатие Водовод и канализација.
Тој тврди и дека дури не им се наплаќа водата на овие граѓани, со оглед на тешката социјална состојба во која се наоѓаат, само со една цел да се спречи несовесната потрошувачка и да се намалат загубите во системот. Но, жителите од Тризла, каде што живеат над 700 семејства се бранат.
„Кај наместија, кај не наместија и тоа тие славини не чинеа, малце мрдни го вака, одма се крши. Тие не чинат, тие славини, тие сето така, џабе кажуваат.“
„Овие славини така се поставени само украс, друго ништо. Имаме, ама притисок како што треба немаме, тие ако пуштат, ние немаме.“
„Славина се си има,ене ја, ама џабе, шо дека, кога не ја плаќам, кога немам, со илјада денари живеам.“
Жителите на Тризла, во која нема ни канализација, ни асфалтирани улици се револтирани.
Прилепски Водовод најавува дека ќе преземе пообемни мерки за да ја спречи оваа појава. Ќе се бара поддршка од Центарот за социјална работа, локалната самоуправа и невладини институции за да се реализира контиунирана едукација на овие граѓани, за да го согледаат значењето на водата и штетите кои ги предизвикуваат.
„Од техничка гледна точка, размислуваме да поставиме одредени пригушувачи, при што да пуштиме количина на вода, онолку-колку што троши секој просечен граѓанин во град Прилеп. Пример ако живеат таму 1000 луѓе, ќе пуштиме одредена количина на вода, која што е потребна за тоа население“, истакнува Николоски.
Тој додава дека многу пати досега разговарал со жителите, но без успех. Меѓутоа проблемот мора да се реши, зашто ако се намали дарежливоста на изворот Студенчица, според процените на стручњаците од Водовод, сите граѓани ќе ги почувствуваат реперкусиите од несовесната потрошувачка на вода во оваа населба.

Овие славини така се поставени - само украс, друго ништо ...