Водоводна мрежа имаат, сметки за потрошена вода добиваат, но вода во своите домови немаат. Ваква е состојбата на жителите од велешкото село Оризари. Оние кои живеат во горниот дел од селото негодуваат бидејќи нивните славини последните три месеци се суви.
„Еве вие ги отворивте славиниве денес, како може 16 часа во текот на денот да немаш вода а да ти дојде да платиш сметка од 600 денари потрошена вода несватливо дури пишуваат таму доколку не ја платите таа сметка ќе бидете исклучениа ное и онака сме исклучени од јуни.“
„Немаме вода од 6 часот наутро до 12, морам да полнам да станувам во два да полнам цистерни за да се бањаме за ради хигиена, нема вода нема ништо“, велат жителите.
Најтешко им е на домаќинките. Тие за задоволување на неопходните потреби во 21 век во своите домови мораат да носат вода:
„Тешко тешко, никогаш потешко не сме живееле, минатата година подобро беше. Доле во рамното имаат вода, овде кај нас горе само наутро има малку вода, ама ај наполни за цел ден.“
Проблемот со недостиг на вода во Оризари велат жителите е стар 15 години. Причина е што соселаните од пониските делови со вода од селскиот водовод ги наводнуваат сопствените ниви. Од ЈКП Дервен велат дека енормната семејна потрошувачка на вода која е за трипати поголема од потрошувачката на едно семејство во Велес е можна причина за недостаток.
„И покрај бројните апели за рационално користење на водата не неаидуваме на слух кај жителите во село Оризари кој водата ја користат ненаменски и нерационално за наводнување на градините и нивите“, вели Тодорка Пенкова Андреева, портпарол на ЈКП Дервен.
Бавчите во Оризари ќе се наводнуваат уште малку време, потоа вода во домовите ќе имаат и жителите од восоките делови но оризарци апелират Локалната власт да изнајдат решение и наредното лето овој проблем да биде минато.
„Еве вие ги отворивте славиниве денес, како може 16 часа во текот на денот да немаш вода а да ти дојде да платиш сметка од 600
Тешко тешко, никогаш потешко не сме живееле, минатата година подобро беше. Доле во рамното имаат вода, овде кај нас горе само наутро има малку вода, ама ај наполни за цел ден.