Седумдесетипетгодишниот Темјан Тренкоски од прилепското село Штавица се жали дека тој и неговото семејство живеат секој ден опкружени со непријатна миризба, затоа што како што вели во непосредна близина на куќата има живинарска фарма со околу 1000 кокошки. Тренкоски реагира и тврди дека пет месеци откако извесен бизнисмен тука отворил фарма, огромна е опасноста да им се загади и водата во единственото селско кладенче од каде што пијат вода сите 80-ина жители на ова село.
„Не можат тутунов да нижат од смрдеа, не можеме да седниме да ручаме во дворот од смрдеа. Донесен е в среде в село, баш тука е блиску до нас, неколку куќи што сме најблиску, инаку 12-ет души сме потпишани на барањето, тие во околината тука. И водата ќе ни ја загади тука, а за сите домашни потреби ја употребуваме водата“, вели Тренкоски.
Незадоволни и револтирани се и другите жители во Штавица.
„Ова смета, многу е загадено, во населено место е, ние не му рековме тука да иди со фарма тука да работи, да чини.“
„Со кокошкиве е проблем голем, смрдеа до тука дојде, исто како онаму кај што се тура депонијата од Прилеп. Штавица завршува начисто, вода немаме капка, ништо, четири месеци ние немаме вода капка што сме ваму Горно Маало, 15 куќи скоро, 80 жители си живеат мизерно така, истата песна се пее секое време и само се плачиме и тоа е“, велат Борис Цветаноски и Дице Трајкоски.
Локалното население од ова прилепско село доставило барање до општинскиот инспекторат за да се реши проблемот што побргу и во законски рамки. Но, и по две недели тврдат мештаните не добиле одговор од инспекциските служби.
„Бараме човекот да му се даде решение да се исели од тука со кокошките, не може да се диши, не можеме да седиме надвор.“
„Имаше барање направено пред 15-16 дена, не сакаат да дојдат“, реагираат жителите.
Откако дел од нив се пожалија во просториите на инспекторатот во Прилеп и ги информираа медиумите, екипа од Локалната самоуправа изврши увид и според раководителот на инспекторатот Блаже Димески, ќе бидат преземени сите мерки за да се реши овој комунален проблем.
Но, овде не завршуваат маките на штавичани. Иако ова село е честа инспирација на познатиот македонски режисер Милчо Манчески каде се снимени бројни филмски сцени, сепак Штавица остана на маргините од пошироката заедница. Нема квалитетно снабдување со електрична енергија, водовод има, но не и доволно вода, водата често е и бактериолошки неисправна, нема продавница, ниту школо во селото, нема ни асфалтен пат што води до куќите. Жителите речиси сите се невработени, но се уште имаат страв јавно да се пожалат за своите маки, зашто се плашат од полошо.
Штавица наместо „Мал Холивуд“ како што стои на натписот на влезот, наликува на африканско село каде може да се снимаат само морничави сцени, зашто овде царува, сиромаштијата, бедата, нечистотијата и немоќта на жителите.
Не можат тутунов да нижат од смрдеа, не можеме да седниме да ручаме во дворот од смрдеа. Донесен е в среде в село, баш тука е блиску до нас.
„Не можат тутунов да нижат од смрдеа, не можеме да седниме да ручаме во дворот од смрдеа. Донесен е в среде в село, баш тука е блиску до нас, неколку куќи што сме најблиску, инаку 12-ет души сме потпишани на барањето, тие во околината тука. И водата ќе ни ја загади тука, а за сите домашни потреби ја употребуваме водата“, вели Тренкоски.
Незадоволни и револтирани се и другите жители во Штавица.
„Ова смета, многу е загадено, во населено место е, ние не му рековме тука да иди со фарма тука да работи, да чини.“
Бараме човекот да му се даде решение да се исели од тука со кокошките, не може да се диши, не можеме да седиме надвор.