Достапни линкови

Индустриски отпадни води ја загадуваат Пелагонија


РЕК Битола и депонија во околината
РЕК Битола и депонија во околината

Петтиот канал е еден од најзагадените во Пелагонија. Во него се влева дел од градската канализација и индустриските одпадни води. За штетата да биде поголема со загадената вода не ретко се наводнуваат земјоделските површини чии прехрамбени продукти завршуваат на пазарот

Петтиот канал е еден од најзагадените во Пелагонија. Во него се влева дел од градската канализација и индустриските одпадни води. За штетата да биде поголема со загадената вода не ретко се наводнуваат земјоделските површини чии прехрамбени продукти завршуваат на пазарот, а се напојува стоката која дава млеко, реагираат жителите на десетина битолски села низ кои минува каналот.
Многу смрди и штетен е на здравјето и на луѓето и на стоката. Во неа е фекалната канализација од половина град, водите од Квасара, Шеќерана, фармата во Породин


„Многу смрди и штетен е на здравјето и на луѓето и на стоката. Во неа е фекалната канализација од половина град, водите од Квасара, Шеќерана, фармата во Породин. Па некогаш кога нема вода од Стрежево и од неа се занводнуваат нивите. Тоа не е квалитет, туку неквалитет. Пасат овците по каналот, а тој течи, ќе влезат внатре ќе се напијат.“

„Да не се чувствува онаа миризба што се чувствува во блиските села кои гравитираат и градот. Секој кој оди кон грчка граница ја чувствува миризбата на вечер.“

велат жители на Егри и Бистрица.
Тие бараат под итно поставување на фабрички филтри и колектор на канализацијата од Битола. И експерти од Заводот за здравствена заштита потврдуваат дека за нискиот квалитет на водата во Петтиот канал нема класа.
Таа загадена вода, таа е вон класа. Површинските води според уредбата се класифицирани во пет класи. Прва класа се најчисти, а петти најзагадени. Каналот е петта класа или вон класа


„Таа загадена вода, таа е вон класа. Површинските води според уредбата се класифицирани во пет класи. Прва класа се најчисти, а петти најзагадени. Каналот е петта класа или вон класа. Големо загадување од канализацијата и индустријата, а премногу мал доток на вода за да го разблажи загадувањето.“

вели доктор Марика Ивановаска. Таа додава „таа загадена вода ја загадува и почвата и земјоделието, растенијата што растат од околу. И после ни се враќа бумеранг на маса кај нас. Ги загадува и подземните води, бунари, чешми. Изготвен е правилник по кого сите индустриски капацитети треба да имаат прочистителни филтри, а одпадните води да се во границите на нормалата.

„Треба да бидат втора до трета класа, а тие се петта. Прво индустријата, а второ канализацијата срамота е во 21 век да течи по поле. Тие цевковод ќе си направат директно канализацијата да тече во Црна, а не низ Петтиот канал.“

вели Ивановска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG