Достапни линкови

Бројни инфраструктурни проблеми во Битола


Битола
Битола
Битола се уште не располага со пречистителна станица за отпадните води. Дел од водоводната мрежа во градот е застарена со азбестни и поцинковани цевки. Градското пазариште е со руинирани плочки, без фискални каси, а не ретко внатре влегуваат и диви продавачи. Две поголеми сообрајќајници во градот се преасфалтирани, но низ другите улици има ударни дупки. Ова се само дел од проблемите за кои во иднина решение треба да пронајдат јавните претпријатија „Нискоградба”, „Водовод”, „Пазари” и „Комуналец” од Битола.
Меѓу поприоритетните е поставувањето на прочистителната станица заради енормната загаденост на Црна Река во која се влева градската канализација и одпадните води од фабриките во Битолско. Од Нискоградба не можат да прецизираат кога прокетот ставен на хартија ќе почне да се реализира зашто се работи за скапа инвестиција.

„Целиот колекторски систем доколку се изгради ќе чини околу 3 милиони евра. Ќе ги опфати скоро сите одпадни води од градот. Самата прочистителна станица по некои проценки е 7 милиони евра. Значи вкупната инвестиција на почеток би изнесувала над 10 милиони евра. Очекуваме дека во рамките на можностите на општината и јавното претпријатие и по пат на донации и друга помош од фодновите, ќе се најдат средства и ќе се направи.“

изјави директорот на „Нискоградба”, Драги Гроздановски.
Водоводната мрежа во Битола е стара над 70 години, а како последица на тоа се јавуваат чести дефекти и слаб притисок во повисоките градски населби. „Водовод” во последно време заменил над 25 километри стари водоводни цевки:

„И покрај овие активности не е запоставена основната дејност на „Водовод” т.е. одржувањето на водоводните објекти и инсталации т.е. поправка на дефекти во водоводната мрежа. Во текот на една година има 1500 вакви интервенции или 6 до 7 дневно.“

вели директорот на Зоран Илиоски.
Градското пазариште во Битола е едно од најстарите во Македонија, па потребна е раконструкција на некои делови со цел да се постигнат евроспките стандарди за безбедност на храната што се продава.

„Има доста активности кои треба да се преземат во пазарот, најмногу тоа произлегува од воведувањето на ХАСАП системот. Во идниот период треба да се поплочи еден голем дел од пазарот, бидејќи плочките се риунирани и не ги исполнуваат условите за ХАСАП, а треба да се загради и посебен дел за продажба на текстил на отворено.“

изјавува директорот на „Пазари”, Лазе Извановски. Директорските места во овие претпријатија се решаваат по партиски клуч. Покрупни прокети, редовно се дел од изборните кампањи, но подоцна се тврди дека претпријатијата не се доволно економски моќни за остварат некои од нив.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG